четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 92 ново

Од утре помош за поплавените ќе може да се донира и во поштите

ckrst posti

­ Македонска пошта од утре до 31 август годинава ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион. ­

Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција, хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од Македонски пошти.

Оттаму посочуваат дека дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

Top