вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Јункер: Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ

junker

-Турција не е во ситуација набргу да стане членка на ЕУ и сите преговори за нејзино приклучување ќе бидат итно прекинати, доколку таа повторно ја воведе смртната казна- изјави претседателот на Европската комисија, Жан­Клод Јункер.

Турските власти отпуштија, уапсија или започнаа истражни постапки против повеќе од 60.000 војници, полицајци, судии, образовен кадар, државни службеници и други, по неуспешниот обид за пуч и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен. ­

-Сметам дека Турција, во сегашната ситуација, не е во позиција набргу да стане членка на ЕУ, па дури и за подолг период- истакна Јункер.

Според него, земја која би ја вклучила смртната казна во своето законодавство, нема место во Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top