недела, 20 август 2017 | Вести денес: 1 ново

Миноски: Средствата од СБ се потврда за добрите политики, ММФ не ја затвора канцеларијата

Во петокот Светска Банка оддели на располагање 25 милиони евра за Македонија, на оваа тема во вестите на Сител зборуваше министерот за финансии Кирил Миноски.

-Тоа е уште една добра вест и верификација на добрите политики на Владата. Владата одржува постојани и добри односи со меѓународни финансиски институции. Овој кредит има за цел подобрување на условите за живот во општините, појаснува Минсоки.

Оваа  информација е позитивен импулс за локалната самоуправа.

-Средствата ќе бидат искористени за изградба на инфраструктурни проекти на локално ниво. Со првите средства од Светска банка беа реализирани над 70 капитални проекти во општините, рече Миноски.

Тој појасни дека веднаш ќе се пристапи кон објавување на повик за искористување на средствата.

По однос на шпекулациите на опозицијата дека ММФ ја затвора канцеларијата во Македонија, Миноски вели дека не е точно, туку дека само е повлечен резидентниот претставник.

-Резидентниот претставник на ММФ од интерни причини е повлечен. Многу често кај држави кои немаат кредитен аранжман, таму нема или се повлекува резидентниот претставник. А тоа не значи дека канцеларијата е затворена, појаснува Миноски.

Top