четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 46 ново

Министерот Попоски одликуван со Национален орден од Италијанската Република

Во рамки на одбележувањето на Националниот ден на Италија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, беше одликуван со Орден на sвезда на Италија – Гранд Офицер (Order of the Star of Italy – Grand Officer). Признанието се доделува за особен придонес во унапредувањето на пријателските односи и соработката помеѓу Република Македонија и Италијанската Република, соопшти МНР.

Орденот во името на претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, му го врачи амбасадорот на Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

Министерот Попоски нагласи дека овој чин претставува уште една потврда за одличните и блиски односи помеѓу двете пријателски држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top