среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Пронајдена ретка нацистичка машина за шифрирање пораки

lorencova masinaЛоренцовата „непобедлива“ машина за шифрирање на пораки, која создаде пресвртница во модерните Ај-Ти технологии, пронајдена е на интернет портал за продажба на антиквитети за помалку од 10 фунти.

Волонтер од Народниот музеј на компјутерите, Џон Валтер го видел огласот на интернет и го препознал уредот означен како „телеграфска машина“ и ја препознал историската воената Лоренцова машина, пренесуваат светските медиуми.

Валтер потоа лично ја нашол машината во продавница во Есекс, каде сопственикот на антикварницата му ја покажал во дворот покрај шупата каде машината била закопана во својот оригинален куфер.

_89821022_mendsc_6667-Ве молам, колку рековте дека чини?- прашал Валтер, а сопственикот лично му ја потврдил цената од 9,5 фунти.

-Повелете 10 и задржете го кусурот- пренесува валтер за медиумите.

По чистењето, машината е префрлена во британскиот центар за дешифрирање во Втората светска војна, каде е потврдена автентичноста врз основа на детали, како кукастиот крст и посебната тастатура со знаци со двојно С. Присуствувале и дел од оние кои работеле на дешифрирање за време на војната.

_89821019_womendsc_6644Музејот сега ги охрабрува жителите на областа да ги пребараат шупите и другите простории, за да ги најдат деловите на Лоренцовата машина, оние кои недостасуваат за да таа биде во фунбкција на дешифрирање користејќи комплетен сет на врвна технологија од 1941 година.

_89819995_missingpiece– За да го сториме тоа мора да ги замениме компонентите кои недостасуваат, особено погонскиот мотор- додава Валтер.

Лоренцовата машина е посложена од познатата Енигма. Нејзините шифри можел да ги прочита само Бил Тут, британски, а потоа канадски дешифрант и математичар.

_89821026_hitlerВо екот на Втората светска војна Тут ја проектирал Лоренцовата машина, со што направил пресврт во шифрувањето. Лоренцовата машина ја користела врховната команда на Вермахтот. Односно, со неа се шифрирале пораките на Хитлер кон генералите.  Се проценува дека во војната биле користени околу 200 ашини, од кои само четири не се уништени.

Top