вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 76 ново

Минчо Јорданов повеќе не е најбогат Македонец според магазинот „Форбс“

По три години на тронот, Јордан Камчев го истисна Минчо Јорданов од првото место на најбогати Македонци, според листата која ја изготвува магазинот „Форбс“ кој го рангираше Камчев за најбогат Македонец.

Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите во сопственост на Камчев како што се „Кара“, „Орка“, „Стопанска банка Битола“, „Бетон Штип“ Камчев изби на првото место на најбогати. На второ место со 22,5 милиони евра колку што чинат „Макстил“, „Бетон“ и „Факом“. „Кралот на челикот“ Јорданов, паднал на второ место.

Со вкупната вредност на акциите на „Макпетрол“ и „Олико“ од 20 милиони евра „Форбс“ го рангираше Андреја Јосифовски на третото место. На четврто место со вредност од 13,3 милиони евра на „Прилепска Пивара“ и сопственост од контролниот пакет на акции од 74% е Сашо Самарџиски. На петто последно место со 9,8 милиони евра колку што чини „Алкалоид“ според вредноста на акциите се најде Живко Мукаетов.
Според висината на остварените приходи во 2014 година во топ 10 се најдоа „Џонсон Мети“ со приход од 936 милиони евра, повеќе од двојно помалку или со приход од 394 милиони евра на второто место е „ЕВН“, на трето „Окта“, „Макепетрол“, „ЕЛЕМ“, „Фини индустри“, „Македонски Телеком“, „Лукоил“, „Т- мобил“ и „Алкалоид“.
Top