недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 2 ново

Зафатете се со овие бизниси, тие никогаш нема да пропаднат

mrzeliv covek

Навикнати сме на удобност, но често не сме свесни колку нe чини тоа.

Секако, таа удобност чини пари и не влијае баш најдобро врз вашиот паричник, но затоа добро влијае врз компаниите кои нудат такви услуги.

Теретаните најмногу заработуваат кога ве нема

teretana

Тератаните секогаш имаат добар „договор” за месечното членство, но факт е дека половина од луѓетоги фрлаат своите парии во теретана одат неколку пати месечно. Тоа е добро за фитнес индустријата бидејќи теретаните заработуваат од членствата, но не заработуваат кога членовите се појавуваат на вежбање, туку кога не се појавуваат. Односно, најмногу заработуваат на нашата мрзеливост.

Не вариме ни кафе

Куќните апарати за кафе во кои само треба да ставите капсула и да го стиснете копчето се неверојатно лесен начин за да си подготвите кафе, но ве чинат многу повеќе. Една од компаниите која се занимава со оваа работа од продажбата на кафиња во капсули минатата година заработила 4.5 милијарди долари.

Големите банки зависат од тоа да го користите нивниот банкомат иако не сте нивни клиент

bankomat

Само затоа што не ви се оди до банкоматот на вашата банка, попрво би го платиле надоместокот за подигнување на готовина на банкоматот од банка во која немате сметка. Според глобалниот просек, секоја личност месечно троши околу 400 денари поради оваа навика. Ние сме повеќе од седум милијарди луѓе во светот, па пресметајте колку пари се слеваат во банките, а да не мрднат ни со прст.

Мерачи на чекори, потрошени калории…

Можеби најдобриот доказ за ултимативна мрзеливост се геџетите кои следат колку чекори сме поминале, колку калории сме потрошиле, колку долго сме пешачеле… Имено, за воопшто да се помрднеме ни треба мотив и тоа во вид на не многу евтин геџет, чии производители знаат дека нема дополнително да пешачиме секој ден поради здравјето, туку тоа мора да биде игра која мора да ја споделиме на социјалните мрежи. Само Fitbit во 2014 година заработил 745 милиони долари.

Невработените професори се свесни дека учениците не сакаат да си ја пишуваат домашната работа

Professor2

За оние најмрзливите ученици постои сајт и апликација “Unemployed Professors” преку која учениците и студентите можат да најмат професори и академици за нив да ги напишат дипломските работи, матурите и слично. Услугата не е воопшто евтина – работата на 5 страници чини 130 долари.

Top