недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 33 ново

Во Драмски театар се подготвува „Кристофор Колумбо“

Во Драмски театар Скопје започнаа пробите на новиот проект „Кристофор Колумбо“ од Мирослав Крлежа информираат од националната установа.

Адаптацијата на текстот и режијата се на Љубиша Георгиевски, музиката на Венко Серафимов, дизајн на претставата е на Мери Георгиевска.

Актерската екипа на претставата „Кристофор Колумбо“ ја сочинуваат: Рубенс Муратовски, Роберт Вељановски, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Ѓорѓи Тодоровски, Зоран Љутков, Игор Стојчевски, Игор Ангелов, Анастас Тановски, Златко Митрески, Игор Георгиев.

Премиерата на претставата ќе се прикаже во Битола на фестивалот БИТ ФЕСТ во месец јуни 2016 година.

Top