понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 34 ново

Поранешните Лавови го исвиркаа Спасовски: „Што бараш тука, оди со УЧК!“

b24fa434314ccdd359554117f2b7491701c341a28bc5ec2c804cbd67cfc955f1

Во прилепското село Лениште денеска беше одбележан јубилејот 15 години од формирањето на единицата за брза интервенција Лавови.

Poster Lavovi

На настанот, на кој присуствувале градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и Јохан Тарчуловски припадниците на поранешната единица за брза интервенција лавови се потсетија на херојските подвизи на припадниците на оваа единица.

spasovski vo prilep

Но, како што пишува порталот Журнал.нет. дваесетина автомобили со поранешни припадници на „Лавови“си заминале од местото на настанот, откако пристигнал техничкиот министер Оливер Спасовски.

Според пишувањата на порталот, припадниците на единицата негодувале и со свирежи му порачале: „Оди во Куманово, сликај се во Диво Насеље!„ Што бараш тука, оди со УЧК“. По навредите, непожелен, Спасовски и неговото обезбедување си заминале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top