вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Грчевите се епилептични напади, но не се епилепсија

Според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), епилепсијата е дефинирана како мозочна хронична болест која има различни етиологии и која се карактеризира со рекурентни кризи врзани за ексцесивно празнење на мозочните неврони. Епилепсијата е релативно често невролошко заболување, а најчести фактори за појава на епилепсијата се цереброваскуларни болести, тумори, АВ малформации, инфекции, прекумерно консумирање алкохол, посттрауматски епилепсии кои настануваат како последица на тешка повреда – сообраќајни незгоди, пад од височина, удар со тап или со тврд предмет во главата, вели доцент д-р Татјана Чепреганова-Чангова невролог во клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Дали грчевите кај бебињата при висока температура треба да ги загрижуваат родителите дека тоа дете подоцна може да добива епилептични напади?

ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Фебрилните конвулзии настануваат од покачена телесна температура. Конвулзиите се епилептични напади, но не се епилепсија. Најголем дел од фебрилните конвулзии кај децата се од бенигна природа и затоа се наречени едноставни фебрилни конвулзии. Постојат и сложени фебрилни конвулзии кои се појавуваат до шестмесечна возраст и имаат друга етиологија, а фебрилноста е само провокативен фактор. Тој процент на конвулзии е многу мал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top