четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Му веруваше, тоа ја уби: Со скршен череп, жива и беспомошна лежела во каналот

Вчера повторно бил исушен дел од каналот во Борча во којшто беше пронајдена пејачката Јелена Крсмановиќ, но предметот со којшто била убиена сè уште не е пронајден. Иако поминаа две недели од убиството коешто го потресе регионот, клучни осомничени лица засега нема.
Досегашната истрага покажа дека несреќната пејачка била жива кратко време откако била претепана и фрлена во каналот.jelena-krs-mar-nova-verzija-t-05

Српските медиуми јавуваат и дека уште еден член од семејството Марјановиќ паднал на полиграфското испитување. Се работи за братот на Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената Јелена Марјановиќ. Милош Марјановиќ наводно се наоѓа под истрага бидејќи постојат сомнежи дека крие важни информации во врска со злосторството. Полицијата и понатаму не ја исклучува можноста за семејството на покојната Јелена да има врска со нејзиното убиство. Тој, исто како и неговиот татко Владимир, несигурно одговарал на прашањата дали крие нешто во врска со убиството на Јелена или дали знае дали неговиот брат Зоран е на било каков начин можеби вмешан во злосторството.
– Убиството било планирано долго време, и тоа до најситни детали. Не би нè зачудило и ако убиецот успеал да се ослободи од дрвениот предмет, на пример да го исецка на делови и да го запали. Како што е истрагата сè уште во тек, се проверуваат сите правци. Но, ако инспекторите со сигурност знаат дека предметот со којшто е убиена Јелена е уништен, не би пребарувале цели два дена на местото на коешто беше пронајдена таа. И понатаму сè се врти околу семејството Марјановиќ, при што полицијата сè уште го истражува нивното движење во тој ден кога била убиена пејачката, објаснува извор близок на истрагата.

Во полиција на испитување била и поранешната сопруга на Зоран, Сања П. којашто за него вели дека бил добар и грижлив сопруг којшто никогаш не бил груб и којшто навистина ја сакал Јелена.

Досегашната истрага покажа дека пејачката Јелена Марјановиќ во саботата, на 2 април, не се бранела од убиецот, а надлежните дошле до таков заклучок поради фактот дека под ноктите на убиената жена не биле пронајдени никакви траги кои би укажувале на тоа дека таа се борела со својот напаѓач. Тоа му оди и во прилог на еден од правците на истрагата, а тоа е дека жртвата го познавала својот напаѓач.
Полицијата и обвинителството веруваат дека имаат мотив и сознанија во врска со тоа кој го извршил убиството, но и понатаму се трага по материјални докази кои би ги потврдиле сомнежите на истражителите.

Top