четврток, 16 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Ја прозваа за нејзиниот изглед во бременоста, еве како Никола Роквиќ ја одбрани

Бојана Баровиќ и Никола Роквиќ трудничките денови ги поминуваат во Белград. Бојана е во петиот месец од бременоста и никогаш не била поубава. Витка и заводлива ужива во бременоста, а во прошетките друштво и  прави свршеникот Никола Роквиќ.
bojana
Тие двајцата се во врска од реалното шоу Срвајвер, а Бојана неодамна допатува од Њујорк како би била со својот иден сопруг.
-Петтиот месец го поминуваме во Белград и изгледа дека го донесовме убавото време со нас – напишала манекенката  со фотографијата на Инстаграм, и повлече лавина коментари за нејзниот изглед во бременоста. Сепак имаше и злобни коментари со кои луѓето прашуваа како тоа нема труднички стомак.
Во нејзина одбрана застана Никола, кој на прашањето каде ти е стомакот одговори:
-Стомакот е кај тато!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top