понеделник, 21 август 2017 | Вести денес: 79 ново

Во МКЦ со многубројни активности ќе се одбележат деновите на франкофонија во Македонија

Францускиот институт во Скопје в сабота, 19 март, во Младинскиот културен центар, организира низа активности во чест на одбележувањето на деновите на фракофонијата во Македонија.

 Во 12.00 часот, во холот на Младинскиот културен центар во Скопје, манифестацијата насловена како „Франкофонијата ти отвора врати!“ ќе биде отворена со пригодните говори на на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија, и г-дин Коце Трајановски, Градоначалник на Скопје , со што воедно ќе се отвори и Саемот на франкофонски компании и институции во Македонија.

 Прославата ќе биде одбележана низ следниве активности :

– од 10 до 12 часот:  интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти,

 – од 10 до 14.30 часот: Саем на франкофонски компании и институции во Македонија,

– од 12.30 до 14 часот: предавање на еминентниот гостин, г. Ив Монтене, специјалист по геополитика и менаџер, на тема „Франкофонијата и глобализацијата“,

 – од 14.30 до 16 часот: натпревар по франкофонски театар, и

– 20.30 часот: концерт на групата „Фолтин“.

 Сите активности ќе се одржат во Младинскиот културен центар.

 Влезот на сите настани е отворен, а бесплатни влезници за концертот на „Фолтин“ се резервираат во Францускиот институт во Скопје, на [email protected]

Top