сабота, 24 јуни 2017 | Вести денес: 39 ново

„Вкусот на Франција“ в понеделник во „Јавна соба“ (галерија)

 

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со „Јавна соба“, по вторпат го организираат настанот Вкусот на Франција – Goût de/ Good France : в понеделник, на 21 март во 18.30 часот, во „Јавна соба“.

DSC_0016

По успешното прво издание во Скопје, Амбасадата на Франција сака овој настан традиционално да го одржува секоја пролет. Готвачот Марк де Јонг ќе подготви вечера за 200 гости. Настанот Вкусот на Франција – Goût de/ Good France, организиран по иницијатива на реномираниот готвач Aлен Дикас и на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој, ја истакнува уметноста на живеењето на француски начин, француските производи и ја валоризира Франција како дестинација. Како никогаш порано, гастрономијата стана значаен елемент од туристичката понуда на Франција.

DSC_0024

Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер во своето обраќање ќе зборува за содржината и значењето на светската гастрономска манифестација и ќе го означи почетокот на овој настан што ги истакнува богатството и убавината на француските региони.

Frеnch Onion Sup

Програма :

18.30 : регистрација на новинарите и поделба на информативните досиеја за медиумите

18.45 : Снимање на просторијата за прием и на кујната на готвачот

19.00 : Амбасадорката Оер ќе го отвори настанот

Top