понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Вкупно 23 девојки нелегално работеле во локали во тетовско

Дваесет и три девојки од кои осум од странство и петнаесет од Македонија на возраст од 23 до 39 години биле откриени од полицијата при акциските контроли спроведени изминатата ноќ во два угостителски објекти во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

девојки

Според неговите податоци контролите биле спроведени во периодот од полноќ до еден часот и триесет минути. При тоа во угостителскиот објкет „Ерди бос“ во Желино, сопственост на Ј.Ф.(39) од истото село биле откриени две девојки од Косово и една од Албанија кои биле вработени како пејачки. Тука биле затекнати и седум девојки од повеќе градови во Македонија, Куманово, Гостивар, Тетово и Скопје.

Во контролата на угостителскиот објект „Ориентал Ас“ во Жеровјане, сопственост на А.А.(26) од Боговиње имало две државјанки на Србија и по една од Бугарија и Словенија како и осум македонски државјанки сите вработени како танчерки. Македонските државјанки заедно со двајцата сопственици на објектите биле приведени во тетовската полиција и по извршените разговори биле пуштени додека осумте странски државјанки по приведувањето под сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во Македонија биле предадени за понатамошна постапка на Одсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, рече Јосифовски.

Посочи дека полицијата работи на целосно расчистување на случајот околу претстојот и ангажманот на странските државјанки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top