среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 30 ново

Пораката што Тања Бошковиќ им ја упати на старлетите е нешто најдобро што денес ќе го прочитате

Познатата српска актерка Тања Бошковиќ сѐ уште изгледа одлично, а како што открила таа, не посветува многу време на физичкиот изглед и негата. Актерката изјавила дека ја сака убавината, но кажала и дека таа не е зависник од скапи креми и шампони.

тања бошковиќ

-Бескорисни ви се силиконите, себе самите ли ќе се убедувате во огледалото и што ќе си речете? Дека не сте имале сериозен и квалитетен живот, дека не сте успеале на никого ништо да му подарите, туку што сте сториле? Ништо – кажала Тања.

тања 2

Во интервјуто што го дала за „Дневни аваз“, на прашање колку време му посветува на изгледот на кожата, одговорила – многу малку.

-Човекот старее етички и естетички. Не посветувам многу време, воопшто не спаѓам во таквите жени. Од друга страна, сакам да пливам, најчесто пешачам и тоа низ животот, избегнувам возење со автомобил, сакам да се дружам со луѓето, имам долгогодишни пријателства. Ако зборуваме за физичките работи, јас ја сакам убавината и цел живот ѝ служам. Кремите и шампоните ми се помалку важни. Ужасно ми одат на нерви рекламите што ветуваат среќа која доаѓа однадвор. Среќата се негува поинаку. На таа нега ѝ посветувам време. Овие бори што ги имам, сите ги заработив со најголема радост. Умеам да стареам, нашите тела и треба да стареат. Презирам жени кои вбризгуваат отрови во своите лица, мислејќи дека нивните очи ќе бидат помалку ранливи. Бескорисни ви се силиконите, себе самите ли ќе се убедувате во огледалото и што ќе си речете? Дека не сте имале сериозен и квалитетен живот, дека не сте успеале на никого ништо да му подарите, туку што сте сториле? Ништо!- кажала Тања Бошковиќ.

тајчи 3

 

Top