вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 75 ново

Две „трик прашања“ на разговорот за работа кои откриваат многу за вас

Потрагата по работа за многумина е многу тешка и стресна ситуација, но ниту на другата страна не и е секогаш лесно. Сериозните работодавци бараат способни кандидати, но во повеќето случаи не можат да знаат дали направиле навистина добар избор додека вработениот не помине одредено време на работното место.

posao-razgovor-660x330

Наведената проблематика е вметната во колумната на Борис Валдхуизен Ван Зантен, холандски претприемач и основач на популарниот технолошки портал The Next Web. За да подобро го процени кандидатот Зантен тврди дека користи неколку трикови на разговорот за работа, а меѓу нив се и две прашање кои обично ги остава за крај:

Што ќе направите ако ве избереме?

Што ќе направите ако не ве избереме?

Ван Зантен тие прашања им ги поставувал на новите студенти додека престојувал во уметничката академија, а продолжил подоцна да им ги поставува и на кандидатите за работа во „The Next Web“. Тој тврди дека некои луѓе веднаш знаат да одговорат дека се пријавиле за работа и во друга компаниja која повеќе ја преферираат или велат дека ова им е последниот обид во оваа област бидејќи всушност сакаат да работат нешто друго.

Зошто овие две прашања се важни? „Кога ќе ги предизвикате кандидатите да размислуваат за својата иднина, добра или лоша, тие стануваат поопуштени и ви ги откриваат своите соништа и очекувања. Тоа за нив може да ви каже многу повеќе отколку било кое CV“, заклучи Ван Зантен.

Top