вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Македонските готвачи на Светски гастрономски натпревар во Истанбул

Mакедoнските гoтвачи-шефoви на кујни учествуваат на 14. Светски гастрономски натпревар што ќе се одржи 0д 11 до 14 февруари во Истанбул – Турција. Ова е еден од најголемите интернационални натпревари со пропозиции по стандардите на ВАЦС – Ворлд асосиејшн оф чифс сосајатис, во организација на ВАЦЦ и на ЦОЦФЕД – Кукс енд чифс федерејшн оф Туркеи. Годинава во трите натпреварувачки дена своето знаење и вештини ќе ги презентираат 2.000 готвачи и шефови на кујни од 25 земји-учеснички распоредени во 70 различни категории екипно и поединечно. За рангирањето и за изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернаципнални судии. Македонија за прв пат учествува организирано како национален тим под патронат на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК Скопје. Организацијата ГАСТРО МАК во Истанбул – Турција ја предводат: Адријана Алачки, претседател, естраден уметник и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, што како телевизиски проект се емитува седум години – Љупчо Гиевски, заменик-претседател, шеф на кујна во хотелот „Александар Палас“ Скопје и меѓународен судија на интернационални натпревари по готвење, Никола Мишковски, шеф на кујна во ресторан „Камник“ во Скопје и шеф во ТВ-проект „Брза кујна“, Марк Де Јонг, интернационален шеф и интернационален консалтинг, шеф во ТВ-проект „Брза кујна“, Зоран Андонов, шеф на кујна во „Албис“ Гостивар, Бобан Билбиловски, шеф на кујна во „Електра гарден“ Тетово, Бобан Симоновски, шеф на кујна во „Скара-бар“, Јетон Таравари, помошник шеф на кујна во „Албис“, Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top