четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 104 ново

Пецаковски кариерата ќе ја продолжи за клуб од Тунис

pecakovski

Ракометарот на Макс Струмица, Дејан Пецаковски, заминува на печалба во далечниот Тунис. Тој денеска официјално потпиша договор со Африкан Клуб од Тунис, каде ќе ја продолжи својата кариера. По ’распадот’ што се случи во струмичкиот клуб кој не претставува во СЕХА – лигата, поради слабите резултати, но и слабата финансиска ситуација, Пецаковски се споменуваше како можно засилување за Пелистер и за Работнички, но на негова адреса дојде понуда од Тунис, која тој реши да ја прифати.

Левиот бек, кој своевремено беше голем македонски ракометен потенцијал, сега ќе има можност да се докаже на интернационалната сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top