вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Принцот Џорџ тргнува в градинка

Британскиот принц Џорџ во јануари тргнува в градинка. Градинката се наоѓа во близина на семејната куќа во Нерфолк, соопшти палатата Кенсингтон.

Џорџ е роден на 22 јули 2013 година и ќе им се придружи на своите врсници во градинката што работи по принципот на Монтесори.

Британскиот принц, трет во редот за наследство на тронот, ги следи стапките на својот татко Вилијам, кој, исто така, ја посетувал таа градинка. Принцезата Дајана, мајката на Вилијам и баба на Џорџ, пред да се омажи за принцот Чарлс работела во таа градинка.

Малиот Џорџ ќе биде дел од методот на Монтесори, чијашто работа се применува во јасли, градинка, основни и средни училишта во светот.

Овој метод се заснова на природните потенцијали на детето за развој, внатрешна мотивација, активно учење, поврзување идеи и здобивање функционлно знаење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top