недела, 26 март 2017 | Вести денес: 0 ново

За Грција нема две милијарди евра поради неисполнети обврски

гр

Атина нема да ја добие траншата од две милијарди евра, затоа што Грција не ги спроведе сите претходни обврски утврдени со договорот за кредит.

Ова денеска го изјави заменик-портпаролот на германското Министерство за финансии, Фредерике фон Тисенхаузен, со што ги потрди шпекулациите што се појавија уште во петокот откако беше одложен состанокот на Евро работната група.

Состанокот на Групата беше одложен „до момент кога ќе има поголема јаснотија во врска со тоа како стои Грција со нејзините напори за завршување на претходните овбврски кои ги бараат нејзините кредитори.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во петокот беше откажана телеконференцијата на техничките експерти, кои ја подготвуваат агендата за состаноците Еврогрупата, откако било утврдено дека се уште не се завршени меѓу 10 и 15 од 49 претходни обврски кои треба да бидат исполнети пред да се додели следната рата од две милијарди евра.

Одбивајќи да одговори во врска со исходот од денешниот состанок на Еврогрупата, Тисенхаузен рече дека „состанокот на Еврогрупата се одржува во Брисел, а не во Берлин“.

Top