среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 97 ново

Во полициска акција откриени малолетници во тетовски угостителски објекти

Тројца малолетници биле затекнати во угостителски објекти по 23 часот за време на синоќешната акциска контрола што ја спроведе полицијата на територијата на Тетово.

policija-2

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека целта на акцијата била да се открие присуство на малолетници во објектите, дали им се точи алкохол или дали евентуално им се овозможува употреба на наркотички средства.

При контролата во трите објекти на улиците „Јане Сандански“, „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“ имало вкупно 49 лица од кои тројца биле малолетници.

Јосифовски најави дека по документирање на случаите против сопствениците на трите угостителски објекти ќе следуваат соодветни санкции и пријави.

Во следниот период, како што посочи Јосифовски, ќе продолжат акциските полициски контроли за да се спречи девијантното однесување како на малолетниците, така и на сопствениците на угостителските објекти во Тетовско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top