недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 0 ново

Историска грешка на „Дојче банк“ – исплатиле 6 милијарди долари на грешен клиент

Најголемата германска банка „Дојче банк“ случајно на сметката на еден клиент во јуни годинава префрлила шест милијарди американски долари . Грешката ја направил еден нов вработен кој погрешно ги внел бројките а неправилноста е исправена за само еден ден.

Шест милијарди долари му се испратени на еден американски корисник, а грешката настанала кога вработениот во банката внел бруто наместо нето износ.

„Дојче банк“ од Франкфурт го следи низа скандали, откако извршните директори Аншу Јаин и Јурген Фичен поднеле оставки

Банката исто така се наоѓа во 6000 спорови и во мај морала да плати казна од 2,5 милијарди долари поради местење на каматни стапки.

Top