петок, 19 јануари 2018 | Вести денес: 76 ново

Лекари од земјите во развој ќе се едуцираат по македонски модел

Самитот, кој е под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и првиот човек на Европската комисија Жан Клод Јункер, е најпроминентен светски форум за адресирање на глобални здравствени теми

Моделот за едукација на македонскиот неврохирург Венко Филипче е прифатен како најсоодветен за употреба во земјите во развој, одлучи Светскиот здравствен самит, кој годинава по седми пат се одржува во Берлин.

Овој модел во име на групата лекари – лидери на меѓуакадемскиот медицински панел на самитот денеска го презентирираше македонскиот претставник д-р Венко Филипче во германското Министерство за надворешни работи, каде што се одржува Светскиот здравствен самит.

svetski-zdravtven-samit

Самитот, кој е под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и првиот човек на Европската комисија Жан Клод Јункер, е најпроминентен светски форум за адресирање на глобални здравствени теми.

На самитот учествуваат претставници од националните академии за науки, политички претставници кои работат на здравствени теми, невладини организации активни на полето на медицината и здравствената заштита, претставници на компании и други учесници кои дебатираат и носат заклучоци за борба против најакутните здравствени предизвици.

Годинава централни теми на кои работи СЗС се климатските промени и здравството, глобалната здравствена политика и владините политики во најбогатите земји на светот, здравото стареење и превенцијата, дигиталното здравје, научната вредност на основна здравствена заштита…

Моделот предложен од македонскиот лекар Филипче од Клиниката за Неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, кој е прифатен како најдобар за едукација на лекари, ќе биде применуван како дел од здравствените едукативни системи во десетици земји кои ги следат препораките и заклучоците на светскиот здравствен самит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top