четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 104 ново

Многудетните семејства на познатите Македонци

Недоволно време, пари, енергија, градење кариера, секојдневни обврски, изговорите за тоа да се почека со потомството или да се има само едно до две деца, се многу. Во време кога Швеѓаните добиваат бесплатен одмор само ако додека тој трае зачнат дете, и во Македонија тече капањата за зголемување на семејството и за придобивките од трето дете.

Многудетните семејства се наша традиција, а постојат и многу познатите личности што уживаат сите благодати на големото семејство.

Влатко Ѓорчев

gjorcev

Пратеникот Влатко Ѓорчев секогаш ве­ли де­ка да се би­де ро­ди­тел е нај­у­ба­во­то чув­ство. Тој и Аме­ри­кан­ка­та Су­за­на се во брак од 2009 го­ди­на, а досега имаат три деца. Мар­та, Фи­лип и Никола, вели, се нај­го­ле­ма­та сре­ќа во неговиот живот.

Елена Велевска

elena veleska

Фолкерката е пример за тоа како и со три деца да се има линија на 20-годишна девојка. Елена Велевска вели дека Софија, Марко и Калија се нејзиниот најголем животен трофеј.

– Не знам зош­то не­кои ро­ди­те­ли се пла­шат да одат на тре­то, па и на чет­вр­то де­те. Се­кое де­те си е со сво­ја­та сре­ќа, а до­мот е вистин­ски дом то­гаш ко­га е ис­пол­нет со дет­ска смеа и џа­гор – смета Велевска.

Живкица Kaленикова

11062679_10153617216753109_6212662129249085425_n

Брзозборлестата водителка во кратко време стана мајка на три деца. По двете синчиња Даријан и Марко, лани таа ја роди ќеркичката Ана. Нејзиниот сопруг Зоран Калеников, пак, има ги има и синот Калин и ќерката Леона од првиот брак.

Владо Бучковски

buckovski-golema

Поранешниот македонски премиер има четири сина, два од првиот и два од вториот брак. Дамјан е веќе возрасен 25-годишен маж, а Виктор тинејџер од 16 години, додека Матеј и Калин се сѐ уште мали, со 8, односно 7 години.

Александар Маленко

malenko

Пред неколку дена, некогаш најдобриот македонски пливач Александар Маленко, го доби своето петто дете. Ќерката Лора (15) е од неговиот брак со пејачката и водителка Сузана Турунџиева, од бракот со актерката Јелена Жугиќ го има синот Ахил (9), а третото дете го има со третата сопруга, Русинката Татјана. Со сегашната сопруга Фанче во 2013 година го добија првиот син, а пред неколку дена го добија синот Елисеј.

Ребека

Rebeka-450x300

Пејачката има полни раце работа откако во 2013 година роди две синчиња. Покрај близнаците Доротеј и Макариј, Ребека и нејзиниот сопруг Мики го имаат и осумгодишниот Маркијан.

Јохан и Соња Тарчуловски 

AcibademSistina-JoanaTarculovska-1 (1)

Семејството Тарчуловски годинава стана поголемо за уште едне член. Соња и Јохан ја добија ќерката Јоана ова лето, која е сестричка на учениците Мелани и Младен.

Наум Петрески

Naum Zuica 7 (Custom)

Фолк-пејачот ужива во целото внимание на неговите четири грации. Покрај сопругата Зуица, тука се неговите ќерки од првиот брак Сања и Анастасија, која веќе ги следи неговите стапки во музиката. Со Зуица ја имаат ќерката Македонка, а најмал во семејството Петрески е синот Стефан.

Ферус

ferus mustafov

Кралот на ромската музика стана татко на 62-години. Со втората сопруга Елис тие пред неколку години ја добија ќеркичката Мелек. Од бракот со Лиле, првата сопруга на Ферус, со која беше заедно речиси 40 години, тој има две возрасни ќерки.

Никола Димитров

11401566_10155689163780451_8251801932040471473_n

Поранешниот амбасадор на Македонија во САД и некогашен преговарач за спорот за името, Никола Димитров од првиот брак ја има ќерката Јана, која денес веќе е тинејџерка. Димитров присуствуваше на раѓањето на неговиот прв син со неговата втора сопруга Наташа, чувство кое вели не може да се опише. Двајцата имаат уште едно синче, кое во семејството Димитрови пристигна пред точно две години.

Сашо Пешев

Сашо-Пешев

Сопственикот на маркетинг-агенцијата „Њу момент“ и поранешен новинар Сашо Пешев има четири деца. Од првиот брак го има синот Никола, кој, исто така, работи во неговата агенција и Горјан, кој студира маркетинг во Љубљана. Од вториот брак со новинарката и негов бизнис-парнер Ели Пешева ги има ќерките Ена и Лана.

Ро­мео Тре­нов

08F798007972F641B758AA58822056F3

Пра­те­ни­кот на ВМРО-ДПМНЕ Ро­мео Тре­нов и не­го­ва­та со­пру­га Стан­ка се ро­ди­те­ли на Фи­лип (6) и на Кон­стан­тин (4), а пред две години до­би­ја и трет син.

cc3c5ecff5ca2a4ab48de9dd7ca8d0cbКрсто Мукоски

Пратеникот од редовите на владејачката партија Крсто Мукоски во 2014 година го доби своето четврто дете. Семејството на пратеникот од Вевчани брои три ќерки и едно синче.

 

 

Емил Дон­чев

DSC0058

Три­кра­тен та­тко е и гра­до­на­чал­ни­кот на Ви­ни­ца, Емил Дон­чев, кој по­крај Иван и Ла­у­ра, во 2013 година ја доби ќер­ка­та Да­ри­ја.

Подготви: Марина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top