недела, 26 март 2017 | Вести денес: 0 ново

Моќта на „кралот на кокаинот“: Губел 2,1 милијарди долари секоја година и воопшто не бил загрижен (ФОТО)

Кога бил на самиот врв, Пабло Ексобар имал приходи од 420 милиони долари неделно. Десет проценти од парите кои ги заработувал, биле јадени од глувци, уништувани од вода, или едноставно губени.

pablo eskobar

Шефот на наркокартелот на колумбискиот Меделин, со ова претставува еден од најбогатите наркобосови во историјата.

Со оглед на тоа што неговото богатство растело вртоглаво брзо, тој голем дел од парите криел по колумбиските полиња, стари хангари, па дури и во ѕидовите на куќите на членовите на картелот.

-Пабло заработуваше толку многу, што секоја година моравме да пречкртуваме 10 проценти од парите, бидејќи беа јадени од глувци, уништувани од вода, или едноставно губени, објаснувал братот на Ескобар, во книгата “Приказните на сметководителот: Внатре во насилниот свет на картелот Меделин”.

pablo

Имено, неговиот брат бил и негов сметководител, а Ескобар имал повеќе пари отколку што знаел, па не му било проблем доколку биле уништени од глувци или влага.

Хуан Пабло Ескобар, единствениот син на нарко-босот, во интервју од 2009 година за списанието “Don Huan”, тврдел дека неговиот татко запалил два милиони долари за да се загреат додека биле во бегство.

pablo2
Во својата книга, Роберто објаснува дека картелот трошел по 2.500 долари месечно само на ластици за пакување на пари.

На врвот од својата моќ, Пабло Ескобар шверцувал по 15 тони кокаин дневно во САД и држел повеќе од 80 проценти од светската испорака на таа дрога.

 

 

Top