четврток, 14 декември 2017 | Вести денес: 101 ново

Тетката на малтретираното бебе објави видео од дадилката

Untitled
Оља Кара, тетката на деветмесечното бебе кое било матретирано од дадилката објави видео на кое се гледа како жената наместо да го чува, буквално го малтретира детево. Таа напиша:
Пријатели…
Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео…Сакам сите да видите што држи земјава….
Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите,а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан…
Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден…Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!
Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…
На ова никој нема да остане рамнодушен!
Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!
Фала му на Бога Даријан е добар…
Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање…
Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи.
Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!
Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња…И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!
СПОДЕЛУВАЈТЕ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top