среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Спелеолозите на Галичица пронајдоа нови пештери

speleoloziСпелеолози од Охрид и Прилеп ги открија пештерите „Нова Пропаст” во Елшани и „Роденденската пештера” во Трпејца, но истражувањата покажале дека има уште многу непознати и интересни пештерски шуплини на планината, пренесува Канал 5.

На првиот истражувачки спелеолошки камп што неодамна се одржа на западните падини на Галичица беа истражувани и постоечките пештери.

-Ново беше тоа што е откриена Нова Пропаст во Елшани, два километри во планината. Таа не е многу туристичка бидејќи е многу тесна и малку ризична. Потребна е опрема и добра спремност бидејќи внатре има одрони и треба многу да се внимава, вели спеологот Никола Паскали, за Канал 5.

Спелеолозите планираат пештерите да бидат мапирани и дел од туристичката понуда на Охрид.

Холанѓаните се најголемите вљубеници во планината, а пештерите ќе биде мотив плус за посета на Галичица.

-Спелеолошкиот туризам е развиен во останатите земји, кај нас е се уште ново, но во иднина се надеваме дека ќе направиме патеки, ќе се обележат и ќе се обезбедат тие локалитети за посета на како домашни така и странски туристи, додава Паскали.

Кампот во организација на спелеолошките клубови „Златоврв“- Прилеп и „Ботом тајм“- Охрид, во кој учествуваа 11 спелеолози е само почеток на истражувањата на пештерите на Галичица.

Top