понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Прекинот на арбитражата за границата ја зголеми популарноста на хрватската Влада

piranski_zaljev_wikiАферата со арбитражата околу границата меѓу Хрватска и Словенија во Пиранскиот Залив, ја зголеми популарноста на хрватската Влада на премиерот Зоран Милановиќ, покажуваат резултатите од најновото истражување на агенцијата „КРО Демоскоп“.

Како што јави телевизијата НОВА, во моментов популарноста на Владата на Хрватска е на највисоко ниво во последниве три години.

Иако, опозицискиот блок преводен од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и натаму е најпопуларна политичка сила во Хравтска, неговата предност пред коалицијата на Социјалдемократската партија (СДП) на Милановиќ сега е намалена на 2,6 проценти, иако пред четири месеци таа изнесуваше шест отсто.

Според анкетата, коалицијата на ХДЗ ужива поддршка на 32,7 отсто од гласачите, додека за блокот на социјалдемократите се изјансиле 30,1 проценти од анкетираните.

Одделно по партии, најпопуларна е конзервативната ХДЗ се рејтинг од 31,3 проценти, пред СДП со 26,6 отсто. Покрај овие две партии, над изборниот праг од пет проценти е само уште левичарската пратија Одржлив развој на Хрватска (ОРАХ), за која се изјасниле 5,1 отсто од испитаниците.

Близу до изборниоt праг е и популистчката партија Жив Ѕид со 4,8 отсто, додека петтопласираната опозициска конзервативна Хрватска селанска партија (ХСС) ужива поддршка на 2,6 проценти од гласачите, а владејачката либерална Хрватска народна партија (ХНС) – 2,2 отсто. Сите останати партии уживаат популарност помала од два проценти.

Кога станува збор за политичарите, најпопуларна е хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со 28,2 проценти, пред спикерот на Саборот, Јосип Леко со 10,8 отсто, премиерот Милановиќ со 7,4 проценти и поранешниот шеф на државата Иво Јосиповиќ со 6,5 отсто. Лидерот на ХДЗ, Томислав Карамарко е дури седми на оваа листа со само 3,1 проценти.

Од друга страна, Карамарко води на листата на политичари за кои граѓаните имаат најнегативно мислење со 33,6 проценти, пред Милановиќ со 30,0 отсто и поранешниот премиер Иво Санадер со 5,3 проценти.

Top