среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 100 ново

Пахор: Арбитражниот договор нема алтернатива

borut pahorСловенечкиот претседател Борут Пахор изјави денеска дека арбитражниот договор меѓу Словенија и Хрватска за границата во Пиранскиот Залив нема алтернатива, а се друго може да активира „процес на негативна спирала“ со несакани последици за мирот и стабилноста во овој дел на Европа, пренесе Танјуг.

Во пресрет на шестата годишнина од словенечко-хрватската средба во палатата Тракошчан, кога беше потпишан договорот, Пахор рече дека барањето за нови начини за решавање на спорот претставува враќање кон старата практика на недоверба и несогласувања меѓу двете држави.

– Сите оние кои веруваат во мирот и пријателството, имаат одговорност повторно да се обидат да ја воспостават и зајакнат меѓусебната доверба, рече словенечкиот претседател.

Денеска хрватската Влада усвои официјално решение за излез од арбитражна постапка и покрај изјавата на Европската комисија дека Арбитражниот суд ќе продолжи да работи на прашањето за границата меѓу Хрватска и Словенија.

Причина за повлекувањето на Хрватска е скандал со објавени во медиумите стенографи и записи од разговори на претставникот на Словенија во Арбитражниот суд Јернеј Соколец, во кои се договара Словенија да добие две третини од Пиранскиот Залив. По скандалот Соколец поднесе оставка, а Словенија предложи друг арбитер на негово место.

Top