сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 69 ново

Опозициските експонентни незадоволни од договорот: Помислува ли Заев што ќе се случи ако Груевски победи на изборите што „нема да ги организира“?

Опозициските експоненти незадоволни од договорот и со критики до Заев визави лажната еуфорија која сака да ја создаде СДСМ и Заев. Тој нереално ги крена очекувањата и ветуваше се и сешто во процесот на преговори. Повеќето од работите за кои тој се храбреше и лупаше во гради не испаднаа така како што се ветуваше. Зоран Заев, лидерот на опозицијата, вчерашниот договор за излез од политичката криза се обидува да го претстави како победа на СДСМ, сепак експонентите кои важат за опозициски се незадоволни од истиот. Имено, тие сметаат дека договорот е катастрофален.

Опозицискиот експонент Миодраг Мишолиќ истакна дека договорот е катастрофа.

-Би сакал да се лажам, ама мислам дека договоров е катастрофа. Министер за внатрешни од СДСМ, но со одобрување од ДПМНЕ. И уште министер за труд и социјална политика, демек да не се купуваат гласовите со социјална помош. А, свесни ли се дека ако нема „засилена“ социјална помош пред избори, социјалците ќе си речат: „додека беше Грујо ја добивавме“, и во уште поголем број ќе гласаат за него, да им се врати тоа што го имаа- пишува опозицискиот експонент Миодраг Мишолиќ, фејсбук статус објавен на опозицскиот портал Либертас.

Во таков административно-политички амбиент, додава Мишолиќ, избори за само сто дена, пописот, избирачките списоци, изборните закони, ослободување на медиумите, демонтирањето на режимот.., не се ни споменати.

-Важно било (според Заев) дека Груевски нема да ги организира. А, помислува ли Заев што ќе се случи ако Груевски победи на изборите што „нема да ги организира“? Кутар, наивен и добродушен Зајко, со ова што си го потпишал, тој ќе ги организира. Систем граден девет години не се разградува за сто дена. И пак ќе речам, би сакал да се лажам, пишува Мишолиќ.

Ивор Мицковски од СДСМ вели дека станува збор за договорот за врзани раце за опозицијата која се враќа во собрание и нема право на бомби.

Разочарување има и кај Стојанче Ангелов, кој иронично напиша-Подобро било каков,отколку никаков.

Договор! Или не. П.С Некои процеси си работат во позадина…Колку и да не се гледаа.

Гледајќи ги рејтинзите на паритте и убедливата предност,повеќе од двојна, на ВМРО ДПМНЕ во споредба со СДСМ, новинарот Васко Ефтов индиректно упатува на тоа дека договорот од Пржино ќе значи крај на кариерата на Заев. Ефтов напиша-Ако ги убеди да има има избори во април, тогаш политичката судбина на еден од тие лидери ќе биде запечатена!!!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top