среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Тајмс: Грчките банки може да останат затворени од понеделник

A woman makes a transaction outside a closed branch of the National Bank of Greece during a 24-hour strike by bank employees in Athens

Европската централна банка не е сигурна дека в понеделник нема да биде побарано грчките банки да останат затворени, објави Тајмс.

Грчките финансиски институции може да бидат принудени да посегнат по таква мерка по неуспешните средби на еврогрупата вчера и повлекувањето големи суми пари од грчките штедачи, наведува весникот.

Тоа го најавил за време на преговорите зад затворени врати претставник на ЕЦБ.

– На туристите кои се упатуваат кон Грција им се препорачува со себе да имаат пари во случај на вонредна ситуација во врска со банките во таа држава – наведува Тајмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top