сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 3 ново

„Заев за премиер“ – графити на албански јазик среде Скопје (ФОТО)

grafiti-zaev1

„Те сакам Заев“ и „Заев за премиер“, вакви графити со пораки до лидерот на СДСМ Зоран Заев испишани на албански јазик се појавија во Скопје.

Графитите посветени на Заев доаѓаат по неговото гостување на косовска телевизија каде ги покажа своите антимакедонски ставови и позиции, пишува „Курир“.

grafiti-zaev3

Во интервјуто за косовската телевизија Заев вети воведување на изузување на задолжителен албански јазик во градинките, основните и средните училишта. Според изјавите на лидерот на СДСМ тој спорот со името ќе го решава преку мултиетничноста која, како што вели тој, ќе биде критериум во преговорите.

grafiti-zaev

Графитите на албански јазик со пораки до Заев доаѓаат и по неговата посета во кумановската Дива населба и селфи фотографиите со Албанците само еден ден по терористичкиот напад.

grafiti-zaev4

Лица кои и дадоа поддршка за 113 та косовска бригада именувана како Исмет Јашари се најдоа и на митингот кој го организираше СДСМ минатата недела. Скандирања УЧК, УЧК, знамиња на Голема Албанија и прегратки со Зоран Заев беа дел од сликата пред Владата каде СДСМ го одржа митингот. Поддршката за 113 та бригата е всушност поддршка за терористите кои беа разбиени во Куманово, бидејќи тие се членови во најголем дел на оваа расформирана бригада. Практично луѓето со кои што се гушкаше Заев се поддржувачи на терористите во чија акција за разбивање загинаа 8 македонски полицајци.

grafiti-zaev2

Извор: Kурир

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top