понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Голман што постојано го врти пенал-рулетот на единица

Гол­ма­нот на Те­текс е ви­стин­ски спе­ци­ја­лист за од­бра­на на уда­ри од 11 ме­три, осо­бе­но ко­га е нај­воз­буд­ли­во и нај­важ­но за еки­пи­те, од­нос­но во пе­нал-се­ри­и­те што од­лу­чу­ва­ат за ти­ту­ли, за плас­ман во фи­на­ле, за ра­дост и за ус­пех. Еди­ни­ца­та на Те­текс се прос­ла­ви со фе­но­ме­нал­ни­те од­бра­ни про­тив Шкен­ди­ја пред две го­ди­ни ко­га бе­ше клуч на ус­пе­хот во осво­ју­ва­ње­то на кру­на­та во на­ци­о­нал­ни­от куп, а при­ре­ди ре­при­за и ме­се­цов во по­лу­фи­на­ле­то со Хо­ри­зонт Тур­но­во ко­га го од­ве­де Те­текс во фи­на­ле­то на на­ци­о­нал­ни­от куп со из­во­нред­ни од­бра­ни во пе­нал-се­ри­ја­та

Гол­ма­нот на Те­текс, Ван­че Ман­чев­ски се про­мо­ви­ра во ви­стин­ски спе­ци­ја­лист за пе­на­ли и за куп- нат­пре­ва­ри. Тој е клуч­ни­от чо­век за но­ви­от ус­пех на те­тов­ци и за плас­ма­нот во фи­на­ле­то на до­маш­ни­от куп. Те­текс ќе го игра за­врш­ни­от меч за ти­ту­ла­та во нај­ма­сов­но­то фуд­бал­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње кај нас, про­тив Ра­бот­нич­ки, на 20 мај на аре­на­та „Фи­лип Вто­ри“. Вто­ро фи­на­ле ме­ѓу два­та клу­ба, по тоа пред пет го­ди­ни ко­га Те­текс го кре­на пе­ха­рот, и вто­ро за Ман­чев­ски ка­ко гол­ман на Те­текс. Пред две се­зо­ни 32-го­диш­ни­от чу­вар на мре­жа­та ги ма­ѓеп­са шу­те­ри­те на Шкен­ди­ја и бе­ше нај­зас­лу­жен за тро­фе­јот во Ку­пот, а и во тоа из­да­ние бе­ше глав­на ал­ка на Те­текс. Во по­лу­фи­на­ле­то про­тив Хо­ри­зонт Тур­но­во по­втор­но на сце­на ста­пи Ман­чев­ски и во пе­нал-се­ри­ја­та им до­не­се на по­пу­лар­ни­те „тек­стил­ци“ но­во куп-фи­на­ле.

На ше­га ве­лат ако стиг­не­те до пе­на­ли, по­ба­рај­те го Ван­че и не­ма­те утка, ус­пе­хот е за­га­ран­ти­ран.

 

 

Vance-Mancevski-int138-2

Се пре­тво­ри во спе­ци­ја­лист за уда­ри од бе­ла­та точ­ка. Имаш ли по­се­бен ре­цепт ка­ко се бра­нат пе­на­ли?
Ман­чев­ски: Не­ма по­се­бен ре­цепт. Има ед­на те­о­ри­ја што ва­жи ме­ѓу нас гол­ма­ни­те, а тоа е де­ка до­бро из­ве­ден удар од бе­ла­та точ­ка не се бра­ни. Не­ма чу­вар на мре­жа­та што ќе спре­чи по­го­док од 11 ме­три ако фуд­ба­ле­рот е си­гу­рен и до­бро го из­ве­де уда­рот.

Има не­што и во ин­стин­ктив­на­та ре­ак­ци­ја на гол­ма­нот, но, се­пак, за нас гол­ма­ни­те е нај­важ­но фуд­ба­ле­рот што го шу­ти­ра пе­на­лот да по­гре­ши, да се по­ко­ле­ба, да се пре­мис­ли или да не е до­вол­но под­го­твен.

Но, се­пак, ту­ка има ед­на по­и­на­ква фи­ло­зо­фи­ја, ко­ја ја ко­ри­сти­ме ние гол­ма­ни­те. По­сто­ја­но ги ана­ли­зи­ра­ме си­те си­ту­а­ции, кој ка­ко шу­ти­ра пе­нал, кол­ку е пси­хич­ки под­го­твен, да­ли има ге­сти­ку­ла­ции пред да го упа­ти уда­рот и, се­ка­ко, мно­гу вре­ме по­све­ту­ва­ме на под­го­то­вка, осо­бе­но пред нат­пре­ва­ри­те од Ку­пот, на кои мо­же да дој­де до пе­на­ли. Ме­че­ви во кои вло­гот е го­лем, се ра­бо­ти за тро­феј и за ус­пех што вле­гу­ва во ана­ли­те на до­маш­ни­от фуд­бал, ка­ко на­ши­от про­тив Шкен­ди­ја во 2013 го­ди­на и тој што сле­ду­ва на 20 мај про­тив Ра­бот­нич­ки.

 

Про­тив Шкен­ди­ја во 2013 го­ди­на бе­ше ви­стин­ски хе­рој на Те­текс. Го од­бра­ни клуч­ни­от пе­нал и по­стиг­на гол од бе­ла­та точ­ка во фи­на­ле­то за по­бе­да во на­ци­о­нал­ни­от куп. Тоа ли е нај­до­бри­от мо­мен­тот во тво­ја­та ка­ри­е­ра?
Ман­чев­ски: Тоа, на не­кој на­чин, бе­ше нај­чуд­но­то фи­на­ле во Ку­пот на Ма­ке­до­ни­ја. Пр­ви­от меч бе­ше пре­ки­нат по­ра­ди на­ци­о­на­ли­стич­ко скан­ди­ра­ње од пуб­ли­ка­та, па се пре­и­гра без при­сус­тво на гле­да­чи, што мал­ку му фр­ли сен­ка на нат­пре­ва­рот. Без раз­ли­ка на сѐ, тој ус­пех е нај­го­лем за ме­не во ка­ри­е­ра­та. Од­бра­нив два пе­на­ла, пр­ви­от на Еју­пи и пос­лед­ни­от на Бе­ри­ша, а па­тем и по­го­див од бе­ла­та точ­ка. По­са­ку­вам се­кој да го до­жи­вее мо­мен­тот, да би­де клуч­на фи­гу­ра во ус­пе­хот на клу­бот иа­ко по­бе­да­та на Те­текс бе­ше зас­лу­га на си­те фуд­ба­ле­ри и на струч­ни­от штаб. Осо­бе­но бе­ше важ­но што го осво­ив­ме Ку­пот про­тив го­ле­ми­от ри­вал од Те­то­во. И, пред сѐ, што го сто­рив­ме тоа во ви­те­шка би­тка на те­ре­нот, без ни­ед­на по­се­ри­оз­на про­во­ка­ци­ја ме­ѓу игра­чи­те на два­та ти­ма.

 

Ра­бот­нич­ки е фа­во­рит во фи­на­ле­то на 20 мај. Мо­же ли Те­текс да из­не­на­ди про­тив осво­ју­ва­чот на двој­на­та кру­на од ла­ни и Ма­ке­до­ни­ја да има вто­ро­ли­гаш во Ли­га­та на Евро­па?
Ман­чев­ски: Нат­пре­ва­ри­те во Ку­пот, осо­бе­но во за­врш­ни­ца­та, се мал­ку по­и­на­кви од дру­ги­те. Се игра еден меч и за­тоа фи­на­ли­ња­та се со по­се­бен шмек, со по­и­на­ков на­бој и ат­мо­сфе­ра. Ра­бот­нич­ки е фа­во­рит на хар­ти­ја, ја има двој­на­та кру­на и сѐ уште е во игра да ги од­бра­ни два­та тро­фе­ја, но се на­де­вам де­ка ние ќе го со­пре­ме на 20 мај во фи­на­ле­то на Ку­пот. Јас ве­лам де­ка на та­кви нат­пре­ва­ри не­ма го­ле­ми и ма­ли клу­бо­ви или еки­пи. Ние има­ме ква­ли­тет и ќе се оби­де­ме да го из­бри­ше­ме тоа што е за­пи­ша­но на хар­ти­ја, од­нос­но де­ка Ра­бот­нич­ки е фа­во­рит за тро­фе­јот. Знам де­ка има­ме сѐ што е по­треб­но за да ѝ се ра­ду­ва­ме на кру­на­та и се на­де­вам на та­кво сце­на­рио во мај.

 

Те­текс след­на­та се­зо­на ќе игра во Вто­ра­та ли­га. Има ли пла­но­ви и да­ли „си­но-бе­ли­те“ мо­жат екс­прес­но да се вра­тат во ма­ке­дон­ска­та ели­та?
Ман­чев­ски: Ако оста­не овој со­став на Те­текс, во­оп­што не се сом­не­вам де­ка вто­ро­ли­га­шка­та епи­зо­да ќе би­де кра­тка и ќе трае са­мо ед­на се­зо­на. Пр­во да го оди­гра­ме ме­чот што е нај­ва­жен за нас, фи­на­ле­то про­тив Ра­бот­нич­ки, а по­тоа ќе раз­мис­лу­ва­ме што и ка­ко на­та­му. Ска­по нѐ чи­не­ше си­ро­маш­но­то бо­дов­но сал­до во пр­ви­от дел од се­зо­на­та. Се­га клу­бот е ста­би­лен, има од­лич­ни игра­чи, но бо­дов­но­то за­о­ста­ну­ва­ње од есен­ски­от дел се по­ка­жа пре­го­ле­мо. Во про­дол­же­ни­е­то од се­зо­на­та игра­ме до­бро, ни­кој не нѐ на­ди­гра, но ко­га има­те им­пе­ра­тив, то­гаш е нај­те­шко да се игра. До­би­ва­ме комп­ли­мен­ти за игри­те во про­лет­ни­от дел, што на не­кој на­чин е са­ти­сфак­ци­ја за тоа што не се пре­да­ва­ме до пос­ле­ден мо­мент иа­ко е јас­но де­ка ќе се пре­се­ли­ме во по­ни­зок ранг. Се­пак, Те­текс е зна­чај­но име во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал, спо­ред ме­не ме­ѓу нај­го­ле­ми­те кај нас, и ве­ру­вам де­ка по­втор­но ќе игра во Пр­ва­та ма­ке­дон­ска ли­га со екс­прес­но вра­ќа­ње.

 

Ве­лат де­ка не­ма дер­би на пла­не­та­та ка­ко те­тов­ска­та прес­ме­тка ме­ѓу Те­текс и Шкен­ди­ја. Што е тол­ку спе­ци­фич­но во ду­е­ли­те на овие два ти­ма?
Ман­чев­ски: Те­то­во ка­ко град е по­себ­но под­неб­је, а раз­ли­ки­те ме­ѓу два­та клу­ба се ре­чи­си иден­тич­ни со тие ме­ѓу Глаз­гов Рен­џерс и Сел­тик. Се ра­бо­ти за две еки­пи кои по­чи­ту­ва­ат раз­лич­ни тра­ди­ции, по­де­ле­ни се по вер­ска ос­но­ва и ри­ва­ли­те­тот е огро­мен. Во на­ши­от слу­чај и на­ци­о­нал­на­та опре­дел­ба е раз­лич­на. Те­текс е ви­стин­ски сим­бол на Ма­ке­дон­ци­те во Те­то­во, а Шкен­ди­ја ја под­др­жу­ва­ат Ал­бан­ци­те, што до­пол­ни­тел­но ги раз­го­ру­ва стра­сти­те. Има ри­ва­ли­тет и ме­ѓу клу­бо­ви­те и ме­ѓу на­ви­ва­чи­те, па по­бе­ди­те на Те­текс про­тив Шкен­ди­ја и обрат­но се сла­ват по­себ­но и зна­чат по­ве­ќе од сѐ за те­тов­ци.

На при­мер, ко­га ја по­бе­див­ме Шкен­ди­ја на пе­на­ли во фи­на­ле­то на ку­пот, до­бив не­ве­ро­ја­тен број по­ви­ци и по­ра­ки, кои беа из­лив на не­ве­ро­јат­на ра­дост и вер­ност кон клу­бот. Та­кво не­што не­мам до­жи­ве­а­но и то­гаш по­чув­ству­вав кол­ку зна­чат по­бе­ди­те во дер­би­то на Те­то­во.

На мал­ку нат­пре­ва­ри, без раз­ли­ка на по­лож­ба­та на та­бе­ла­та на два­та ти­ма, три­би­ни­те не се пол­ни. Ам­би­ен­тот се­ко­гаш е тен­зи­чен, по­стои по­себ­на инс­пи­ра­ци­ја и кај ед­ни­те и кај дру­ги­те за по­бе­да. Нај­важ­но е да не­ма ин­ци­ден­ти на три­би­ни­те и на те­ре­нот, а кој е по­до­бар не­ка по­бе­ди. И, се­ка­ко, ми се чи­ни де­ка во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал са­мо на ова дер­би ва­жи пра­ви­ло­то да се по­бе­ди град­ски­от ри­вал и ни­што дру­го не е важ­но.

 

Има ли до­бри мла­ди гол­ма­ни во Ма­ке­до­ни­ја?
Ман­чев­ски: Ние сме ви­стин­ски рас­ад­ник на та­лен­ти во си­те спор­то­ви, а та­ка е и ко­га се ра­бо­ти за гол­ма­ни­те во фуд­ба­лот. Не е слу­чај­но што Де­ни Или­ев е член на Ар­се­нал, по­тоа ту­ка се и Дам­јан Ши­шков­ски, кој е во Гент, Сто­ле Ди­ми­три­ев­ски, кој е член на шпан­ска Гра­на­да и уште мно­гу дру­ги на­деж­ни гол­ма­ни. Ни­кој во Евро­па не ку­пу­ва игра­чи или гол­ма­ни што не­ма­ат ква­ли­тет. И во Те­текс се ра­бо­ти од­лич­но со гол­ма­ни­те и ве­ќе има трој­ца мла­ди чу­ва­ри на мре­жа­та, кои до­пр­ва ќе го пре­зен­ти­ра­ат зна­е­ње­то. Од тој ас­пект, и оваа ге­не­ра­ци­ја мла­ди гол­ма­ни во Ма­ке­до­ни­ја са­мо ќе ја про­дол­жи тра­ди­ци­ја­та на до­бри чу­ва­ри на мре­жа­та што сме ги има­ле отсе­ко­гаш.

 

(Разговараше: Зоран Поповски
Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 138. број на неделникот „Република“, 24.04.2015)

Top