петок, 24 март 2017 | Вести денес: 43 ново

Оштетен таванот на Универзална, откажани сите манифестации

 Конгресниот центар „Александар Македонски“ ги откажа сите манифестации поради оштетување на внатрешниот дел од покривната конструкција.

Во соопштнието наведуваат дека поради временските околности и обилните дождови оштетен е таванскиот дел во салата за публика и дека поради тоа присилени се да ги откажат сите закажани манифестации сè додека не се создадат услови за натамошна работа.

Наведуваат дека се повикани надлежни институции за да се констатира моментната состојба и да се најде соодветно решение.

Во наредниот период во Универзална сала се закажани концертите на Бора Чорба (14 март, оваа сабота) и на Влатко Стефановски (21 март, следната сабота), за кои засега нема најава дали ќе бидат презакажани или целосно откажани.

Top