недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 34 ново

„Сон на летната ноќ“ на Турскиот театар вечерва на сцената на Театар Комедија

НУ Турски Театар во среда, 11 март, со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Александар Поповски. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со превод на македонски јазик. Сценограф на претставата е Свен Јонке, костимограф Јелена Проковиќ, а музиката е на Кирил Џајковски.

Улогата на Тизеј во претставата ја толкува Атила Клинче, на Хиполита Сузан Акбелге, на Егеј Тамер Ибрахим, а на Лисандер и на Деметар актерите Осман Али и Селпин Керим.

Top