петок, 18 август 2017 | Вести денес: 74 ново

Плажа, море, палми – Куба во Скопје (фото)

tumbao11

Сцената на Универзална сала синоќа го донесе кубанскиот дух во Скопје. За првиот концерт на „Тумбао салса бенд“ на сцената беа поставени палми, море, плажа, песок, коктели…

Тоа што дополнително ја подгреа атмосферата беше тоа што седиштата во партерот беа извадени, па просторот пред сцената беше претворен во подиум за танцување.

tumbao22

Музиката на овој македонски латински бенд, пак, ја заокружи совршено атмосферата вчеравечер. Петар Ренџов не ја штедеше својата енергија и постојано се симнуваше меѓу публиката, а не се воздржуваа и неговите колеги- гостите од Куба, Азафран Микс.

Присутните коментираа дека се чувствуваат како навистина да се на Куба, а не во Скопје. Меѓу публиката, беше и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој заедно со своето семејство уживаше во салса-ритамот.

tumabo33

„Тумбао Салса Бенд“ барем за момент успеаа да ни ја доловат позитивната енергија што ја носи летото. За сите што го пропуштија вчерашниот концерт, денес има реприза на истото место со почеток од 20.30.

 

Top