недела, 24 септември 2017 | Вести денес: 57 ново

Спортски и елегантен, повеќенаменски и поврзан – Audi Avant Prologue концепт автомобил

Audi prologue Avant

• Нова интерпретација на Avant филозофијата
• Револуционерна информативна архитектура и нов забавен концепт
• Хибриден погон со високи перформанси 455 КС и 750 Nm вртежен момент

Динамично елегантен дизајн и врвни технологии: Со Audi Avant Prologue концепт автомобилот со затегнат покрив, бреднот ќе се претстави на автомобилскиот саем во Женева и нуди поглед кон иднината – Audi со својата студија внесува нови емоции и потполно нов дизајнерски јазик – Prologue е поглед кон иднината

Во ноември 2014 година на автомобилскиот саем во Лос Анџелес, Audi го претстави овој концепт автомобил, преку кој може да се види изгледот на идните модели на брендот. Само четири месеци подоцна, производителот на премиум автомобили на саемот во Женева ќе прикаже една варијанта на визионерскиот концепт. Audi Prologue Avant ја комбинира динамиката со дизајнот и функционалноста во совршена форма. Со должина од 5,11 метри и ширина од

1,97 метри, и со својот пионерски дизајн автомобилот со пет врати јасно се позиционира во луксузната класа. Во исто време Audi Prologue Avant има специфичен спортски дух и функционалност. Новиот модел нуди ново технолошко искуство како со својата внатрешност така и со својата надворешност. Возачот и трите патници целосно можат да уживаат во луксузниот ентериер и дигиталното поврзување благодарение на револуционерната информативно забавна архитектура и новата технологија на поврзување.

Audi Prologue Avant користи технологија која е блиску до сериско производство. Тој е опремен со plug-in хибриден систем од Audi Q7 е-tron Quattro, кој во овој случај има далеку подобри перформанси. Со 335 kW /455 КС излезна моќ од 3.0 TDI моторот и со електричниот мотор автомобилот забрзува од 0 до 100 км / ч за 5.1 секунди. Само на електричен погон возилото може да помине 54 километри. Audi Prologue Avant опремен е со адаптивна воздушна суспензија, погон на сите тркала и ја комбинира удобноста со спортското управување и стабилност на едно ново ниво.

Top