петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 83 ново

Александар Поповски конкурирал за директор на Театарот за млади во Загреб

Според хрватскиот весник „Јутарњи лист“ на конкурсот за директор на Театарот за млади во Загреб кој истече на почетокот на ноември има пет кандидати, а меѓу нив е и македонскиот режисер Александар Поповски. Освен Поповски, останатите четворица кандидати се од Хрватска. Според весникот, фаворит на градските власти била кореографката и танчерка Снежана Абрамовиќ, па заради неа бил променет и статуот на театарот за млади.

Најголемо изненадување е појавата на конкурсот на Александар Поповски, роден 1969 година, интересен Македонски режисер со меѓународна кариера кој има режирано многу пати во хрватските театри Гавела и Керемпух. Колку што е познато, вели „Јутарњи лист“, тој нема хрватско државјанство, па од него може да се бара и нешто повеќе. На пример, иако одлично зборува хрватски јазик, тој нема потврда за степенот на познавање. Следната недела треба да бидат разгледани апликациите на сите кандидати по што ќе следи одлука кој ќе биде нов директор на Театарот за млади во Загреб, односно дали и нашиот Поповски има шанси!

Top