понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 52 ново

Првите „Виртуози“ за Ана Дурловски, Симон Трпчески, „Мјузик прогресив квартет“, Дино Имери

VirtuoziДоделени првите статуетката „виртуози“ доделени за исклучителни остварувања во класичната музика во изминатата година.

Македонската филхармонија доби награда за најдобар организатор и за голем ансамбл за програмските остварувања, наградата за најдобар камерен ансамбл ја доби „Мјузик прогресив квартет“ кои прават успешен спој на класиката со повеќе различни жанрови.

Во категоријата музички публицист статуетката „виртуози“ ја доби музикологот Марко Коловски, кој во 2012 година ја доби наградата „Панче Пешев“ за монографијата „Томислав Зографски – живот и дело“ и презентираше повеќе од 40-тина рецензии на Македонското радио за концертите на филхармонијата, на фестивалот „Денови на македонската музика“ и „Охридско лето“.

Младиот пијанист со блескаво портфолио од настапи во изминатата година – Дино Имери ја доби наградата „виртуози“ за најдобар млад музички уметник. Фестивалот „Денови  на македонската музика кој во континуитет, со децении наназад ја гради и афирмира македонската музичка мисла ја доби наградата за најдобра музичка манифестација во изминатата година.

Ана Дурловски ја доби наградата за најдобар музичко- сценски уметник за исклучителните остварувања на европските сцени во изминатата година, а пијанистот Симон Трпчески беше прогласен за најдобар меѓународен афирматор на македонската музика. Наградата за најдобар композитор ја доби Дарија Андовска, а за најдобар изведувач пијанистката Марија Вршкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top