вторник, 26 септември 2017 | Вести денес: 138 ново

Словенија го барала целиот Пирански залив

piranski_zaljev_wikiСловенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец откри дека Словенија на арбитражата за границата со Хрватска во Хаг, го барала целиот Пирански Залив и изрази уверување дека успеал да ги убеди арбитрите во аргументите кои Љубљана ги изнела во граничниот спор.

Тој истакна дека словенечките аргументи се правно многу убедливи и се потпираат на примерите од други земји кои биле во слични ситуации како Словенија, кога е во прашање пристап до отворено море.

– Одевме на максималистички барања, а што ќе биде ќе видиме, нагласи Ерјавец во врска со можното решение, за кое ќе одлучи арбитражниот суд.

Изразувајќи задоволство од начинот на кој Словенија ги презентирала аргументите пред Судот, тој додаде дека почувствувал оти веднаш потоа кај хрватската страна „се појавила загриженост“.

Top