четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Куќата на Касапови – старата убавица, која два века е симбол на Велес

Сло­ве­неч­ки­от ар­хи­тект, пе­да­гог и пуб­ли­цист Ду­шан Га­бри­јан на сво­и­те па­ту­ва­ња низ Ма­ке­до­ни­ја од 1946 до 1950 го­ди­на ја про­у­чил, ски­ци­рал и фо­то­гра­фи­рал ку­ќа­та, под чи­ја­што фо­то­гра­фи­ја за­пи­шал: „Ку­ќа­та што леб­ди”. И ова име е ра­ши­ре­но ме­ѓу ве­ле­ша­ни

Ма­ке­до­ни­ја има сво­ја кул­ту­ра, има сво­ја тра­ди­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја има исто­ри­ја. Стра­ни­ци­те на исто­ри­ја­та мо­жат да би­дат на­пи­ша­ни од чо­веч­ка ра­ка и дух, но по­сто­јат све­дош­тва, кои при­каз­на­та ја пра­ват ви­стин­ска. Мно­гу уба­ви­ни, мно­гу ре­тко­сти што се ви­стин­ски пре­диз­вик, мно­гу исто­ри­ски сег­мен­ти, тра­ди­ци­о­нал­ни от­пе­ча­то­ци низ вре­ме­то, но и но­во­соз­да­де­ни атрак­ции, кои ну­дат ужи­ва­ње за ту­ри­сти­те.

Ве­ле­шко Езе­ро , сме­сте­но на из­ле­зот од Ве­лес, е езе­ро- атрак­ци­ја, ме­сто за ужи­ва­ње и за не­го не по­стои огра­ни­чен вре­мен­ски пер­и­од за по­се­та. Тоа е атрак­ци­ја во си­те се­зо­ни, а све­жа­та ри­ба под­го­тве­на на мно­гу на­чи­ни знае да на­ма­ми мно­гу по­се­ти­те­ли во се­кое вре­ме од де­нот, во ра­бот­ни­те и не­ра­бот­ни­те де­но­ви и во те­кот на го­ди­на­та, сту­де­но или топ­ло.

– Јас пред не­кол­ку го­ди­ни бев ан­га­жи­ран нур­кач во Ве­ле­шко Езе­ро пре­ку про­е­ктот спон­зо­ри­ран од хр­ват­ска­та ам­ба­са­да. Да­ле­ку од тоа де­ка со­мо­ви­те се по­те­шки од еден тон, тоа е ве­ќе при­каз­на, но ви­сти­на е де­ка се огром­ни и де­ка те­жат 300-400 ки­ло­гра­ми, а во се­бе мо­жат да вне­сат уште тол­ку хра­на, ве­ли еден млад ве­ле­ша­нец, кој ужи­ва во нур­ка­ње на дно­то од езе­ро­то, за при­каз­на­та со со­мо­ви­те во Ве­ле­шко Езе­ро.

Reportaza91-2

Ве­ле­ша­ни гра­дот го но­сат во ср­це­то. Го са­ка­ат со си­те не­го­ви уба­ви­ни и ма­ни. Со тес­ни­те со­ка­ци и со ед­но­на­соч­ни­те ули­ци на кои не­ма ка­де да пар­ки­раш.

– Го са­ка­ме и ко­га е преп­ла­вен со во­да, па се те­ши­ме де­ка ни ли­чи на Ве­не­ци­ја, и ко­га е ка­ко под врш­ник и пе­че на по­ве­ќе од 40 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, и мис­ли­ме де­ка сме на не­ко­ја уба­ва пла­жа. Тоа е Ве­лес – ве­лат ве­ле­ша­ни.

Reportaza91-3

Спо­мен-ку­ќа­та на Ка­са­по­ви е еден од мно­гу­број­ни­те обе­леж­ја на гра­дот. Це­ли 170 го­ди­ни ку­ќа­та стои из­гра­де­на на кар­па. Ста­ра­та уба­ви­ца, ре­чи­си два ве­ка е еден од нај­у­ба­ви­те спо­ме­ни­ци на ве­ле­шка­та ста­ро­град­ска ар­хи­те­кту­ра. Се гле­да од по­ве­ќе стра­ни во Ве­лес – од Дол­ни ду­ќа­ни, од спро­тив­на­та стра­на од ме­сто­то Цр­на џа­ми­ја, од ста­ри­от мост или од дво­рот на цр­ква­та „Све­ти ве­ли­ко­ма­че­ник Пан­те­леј­мон“, но и од ма­ла­та цр­ква „Све­та Не­де­ла“.

Ле­ген­да­та за ле­ко­ви­та­та во­да кај ку­ќа­та на Ка­са­по­ви

Reportaza91-9Спро­ти ку­ќа­та на Ка­са­по­ви, на ули­ца  Ма­ксим Гор­ки, во ста­ри­от дел на Ве­лес се на­о­ѓа при­ро­ден из­вор, ка­де што во­да­та се со­би­ра во кла­де­нец. Не е чеш­ма, ама  не­ко­гаш ја има­ло, но го­ди­ни­те и не­гри­жа­та ја уни­шти­ле. Спо­ред со­се­ди­те, во­да­та има ле­ко­ви­то својс­тво. При­каз­на­та ве­ли де­ка ед­на же­на од При­леп по име Тра­јан­ка, ко­ја има­ла не­под­ви­жен син, дош­ла ту­ка и го уре­ди­ла кла­де­не­цот. Би­ле на се­ка­кви до­кто­ри ама лек за де­те­то не­ма­ло. Ед­на ве­чер во со­нот, еден глас ѝ ре­кол де­ка тре­ба да оди во Ве­лес, на ме­сто ме­ѓу три цр­кви и пат што во­ди ле­во од глав­ни­от. Иа­ко таа ни­ко­гаш не би­ла во Ве­лес, сли­ка­та би­ла мош­не жи­ва, впе­чат­ли­ва. Тој ден го иг­но­ри­ра­ла со­нот, но тој се по­вто­рил. По­тоа се ре­ши­ла и дош­ла во Ве­лес. Вед­наш го наш­ла ме­сто­то, за­тоа што тол­ку би­ло јас­но ка­жа­но во со­нот, иа­ко ни­ко­гаш не би­ла ту­ка. Ра­бо­те­ла са­ма два де­на, на но­зе­те ѝ се за­ле­пи­ле без­број пи­ја­ви­ци, но таа не за­ста­ну­ва­ла, го чи­сте­ла пре­де­лот и во­да­та. А та­му сѐ би­ло обрас­на­то. Ни­кој за ни­што не ја  ко­ри­стел чеш­ма­та.

– Спи­е­ше во хо­тел или во пре­но­ќи­ште, за­тоа што не бе­ше не­ко­ја бо­га­та. Ја на­пра­ви чеш­ма­та ту­ка по­крај ѕи­дот, ка­ко и овој кла­де­нец, го ис­чи­сти  из­во­рот од тре­ви, зем­ја. Се из­ми пред трг­ну­ва­ње и то­гаш  ни го рас­ка­жа ви­ду­ва­ње­то, со­нот и ма­ка­та, И  за­ми­на за При­леп. Са­ка­те ве­ру­вај­те, са­кај­те не, ко­га дош­ла до­ма,си­нот бил ис­пра­вен, се дви­жел. Не се­га да тр­ча, ама одел. Та­ка оста­на ова ме­сто, ка­ко ле­ко­ви­та во­да. Мал­ку­ми­на ве­ле­ша­ни зна­ат за ова, ама тоа е та­ка, рас­ка­жу­ва­ат ве­ле­ша­ни.

Reportaza91-4

Ве­ле­ша­ни ко­га збо­ру­ва­ат за неа ја на­ре­ку­ва­ат Ку­ќа­та на Ка­са­по­ви, по пре­зи­ме­то на неј­зи­ни­те по­ра­неш­ни сопс­тве­ни­ци. Ова не­ве­ро­јат­но уба­во зда­ние, из­гра­де­но ме­ѓу 1835 и 1840 го­ди­на, во пи­шан до­ку­мент за прв­пат го за­бе­ле­жал сло­ве­неч­ки­от ар­хи­тект, пе­да­гог и пуб­ли­цист Ду­шан Га­бри­јан. На сво­и­те па­ту­ва­ња низ Ма­ке­до­ни­ја од 1946 до 1950 го­ди­на тој, за­ед­но со гру­па сту­ден­ти, ја про­у­чил, ски­ци­рал и фо­то­гра­фи­рал ку­ќа­та. Про­фе­со­рот Га­бри­јан, всуш­ност, ѝ го дал и име­то на ку­ќа­та ко­га под неј­зи­на­та фо­то­гра­фи­ја за­пи­шал „Ку­ќа­та што леб­ди”. И ова име е ра­ши­ре­но ме­ѓу ве­ле­ша­ни.

Reportaza91-5

Не­за­вис­но кое име ќе го ко­ри­сти­те, ве­ле­ша­ни ќе ве упа­тат по ви­стин­ски­от пат да стиг­не­те до ку­ќа­та. Приб­ли­жу­вај­ќи и се по со­ка­ци­те над Дол­ни ду­ќа­ни, во бли­зи­на на ку­ќи­те на Ва­сил Гла­ви­нов и на Јор­дан Ха­џи-Кон­стан­ти­нов – Џи­нот, пр­во што за­бе­ле­жу­ва­те се ви­со­ки­те sидо­ви од кр­шен ка­мен и др­ве­ни сло­е­ви. Со нив ку­ќа­та е оп­кру­же­на од три стра­ни. Оп­шти­на Ве­лес го отку­пи ова зда­ние од сопс­тве­ни­ци­те и го ре­кон­стру­и­ра­ше.

Reportaza91-8

– Ку­ќа­та е из­гра­де­на на кар­пи, не­ма те­ме­ли. Од ле­ва­та стра­на, по вле­зот има по­кри­е­на шта­ла ка­де што се чу­ва­ла сто­ка­та што е ку­пу­ва­на за ко­ле­ње. Најм­но­гу ра­бо­та има­ло во октом­ври, ко­га се под­го­тву­ва­ла па­стр­ма и се но­се­ле ко­зи и ов­ци. До­лу во при­зем­је­то има го­ле­ма сту­де­на со­ба, ко­ја е об­ло­же­на  со два- три пр­ста да­бо­во др­во. Во неа има­ло ка­ци ка­де што се чу­ва­ла па­стр­ма­та. Кол­ку го­лем мај­стор бил де­до ми  ка­жу­ва тоа што и вој­ска­та во Ве­лес, во Крал­ска Ју­гос­ла­ви­ја, ја снаб­ду­вал со ме­со. Не знам кол­ку па­ри се по­тро­ше­ни за из­град­ба на ку­ќа­та, за­тоа што во на­ша­та ку­ќа не се пра­ве­ше та­ков му­а­бет, не ка­жа ни­ту де­до ми, ни­ту, пак, мај­ка ми зна­е­ше. Таа, Род­на, бе­ше ка­сап, иа­ко бе­ше же­на, и по­ма­га­ше при про­даж­ба­та на ко­жа – рас­ка­жу­ва Пе­тар Пер­ков, кој по­тек­ну­ва од се­мејс­тво­то Ка­са­по­ви.

Reportaza91-10

Гра­де­на е со ма­те­ри­јал од цр­ква­та „Св. Пан­те­леј­мон“ и со 5.000 оки ви­но

Ку­ќа­та на Ка­са­по­ви е гра­де­на со ист ма­те­ри­јал ка­ко и цр­ква­та „Св. Пан­те­леј­мон“ за­тоа што се во не­по­сред­на  бли­зи­на.

– Ку­ќа­та е гра­де­на во 1846 го­ди­на, поч­нал да ја гра­ди де­до ми Ди­ме, во исто вре­ме ко­га е гра­де­на цр­ква­та „Св. Пан­те­леј­мон“. Мај­сто­ри­те што ја гра­де­ле би­ле од Мел­ни­ца, гра­де­на е од ка­мен, кој е но­сен од бли­зи­на на „Св. Пан­те­леј­мон“, а оста­нал од град­ба­та на цр­ква­та. Тие две­те се по­кри­е­ни со исти ка­ме­ни пло­чи, кои се до­не­се­ни од се­ло По­па­ди­ја, тоа е  кај се­ло Из­вор, ги но­се­ле на би­вол­ски ко­ли со две тр­ка­ла за­тоа што би­ле мно­гу те­шки, рас­ка­жал Пе­тар Пер­ков, сопс­тве­ни­кот на ку­ќа­та.

Тој со не­го­ва­та со­пру­га Ма­ри­ја жи­ве­е­ле  во ме­сто­то  ка­де што по­доц­на би­ла фа­бри­ка­та за ќун­ци „Ви­ла Зо­ра“. Но би­деј­ќи им би­ло да­ле­ку да одат се­којд­нев­но до кла­ни­ца­та, ко­ја би­ла бли­ску до вли­вот на То­пол­ка во Вар­дар, под пру­га­та, по­пат­но наш­ле ме­сто што е сло­бод­но. На­о­ко­лу би­ле из­гра­де­ни ку­ќи, но тоа ме­сто би­ло кар­па и оста­на­ло праз­но. За­тоа Дим­че ре­шил ту­ка да ја гра­ди ку­ќа­та.

– Мај­сто­ри­те не ра­бо­те­ле по план или на­црт, ту­ку по ка­жу­ва­ња на де­до ми Ди­ме, ка­ко тој ба­рал та­ка се ѕи­да­ло, ка­кви по­тре­би имал, та­ка ја из­гра­дил. Есен­та ко­га се гра­де­ла ку­ќа­та де­до ми имал ре­зер­ва од 5.000 оки цр­но ви­но и не мо­жел да го про­да­де, не­ма­ло ин­те­рес. Си­те ве­ле­ша­ни има­ат по не­што гроз­је, пра­ват ви­но, се­ко­ја ку­ќа го има и за да не оста­не ви­но­то да за­фа­ќа про­стор од ста­ра­та ку­ќа, да не го се­лат во но­ва­та ку­ќа, ѕи­дот  што ја оби­ко­лу­вал и шти­тел од ули­ца­та е гра­ден со ви­но ме­сто со во­да. Та­ка пет ил­ја­ди оки за­вр­ши­ле во ма­те­ри­јал за ку­ќа­та – откри­ва Пе­тар Пер­ков.

На­ју­ба­ва­та со­ба би­ла ода­ја­та, го­стин­ска­та, ка­де што има­ло мин­дер, ка­се­ли, ро­зе­та, до­град­ба ка­де што се по­ста­ву­вал пос­лу­жав­ни­кот за вер­ски­от праз­ник Проч­ка, ко­га до­а­ѓа­ле го­сти, а на кој се по­ста­ву­ва­ла теп­си­ја­та со бак­ла­ва. Во таа со­ба се гре­е­ле на ман­гал, и тој бил во сре­ди­на. Тоа е ба­ка­рен сад и со не­го се топ­ле­ле. Иа­ко пу­штал јаг­ле­ро­ден ди­о­ксид, кој е ште­тен, ама та­ка жи­ве­е­ле.

Ку­ќа­та би­ла тол­ку мно­гу поз­на­та што во неа до­а­ѓа­ле го­сти од це­ла Ју­гос­ла­ви­ја да ја ви­дат, по­се­тат, про­у­чат, ар­хи­те­кти, гра­деж­ни­ци.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 91. број на неделникот „Република“, 30.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top