петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 74 ново

Во скопската чаршија: „Денови на занаетчиството 2014“

turska carsija 4

Старата скопска чаршија во наредните три дена ќе биде домаќин на традиционалната градска манифестација „Денови на занаетчиството 2014“, а ќе се одржи и Пролетен базар на креативни рачно изработени предмети и презентација на занимања и струки од средното стручно образование.

Тезгињата на кои со свои производи ќе се претстават ракотворците ќе бидат поставени пред просториите на Занаетчиската комора Скопје. Посетителите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети.

Целта на манифестацијата е да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за квалификација и оспособување на идниот занаетчиски кадар и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.

Градот Скопје е покровител на оваа манифестација, а организатор е Занаетчиската комора Скопје.

Top