петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 83 ново

Премиера на „Градители на империјата“ на Александар Поповски во Истанбул

поповски

„Градители на империјата“ е насловот на претставата на режисерот Александар Поповски, чија премиера ќе биде утревечер, во рамките на Театарскиот фестивал од Истанбул. Претставата ја работеше нашиот режисер по текст на францускиот автор Борис Вијан, а во продукција на театарот „Хајал Пердеси“.

На фестивалот во Истанбул гостуваат театри од цел свет. Меѓу гостите годинава ќе бидат театарот „Шаубине“ од Германија со претстава на Томас Остермаер и театарот од Варшава со претстава на едниот од најдобрите полски режисери Гжегож Јажина.

Top