четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Ни­кол­че Ми­цев­ски: „Македонско девојче 2“ е скро­е­но по ме­ра на Ка­ро­ли­на

За­да­ча­та што си ја по­ста­вив­ме јас ка­ко автор и „Ава­лон“ ка­ко про­дук­ци­ја, да се на­пра­ви ал­бум што ќе би­де про­дол­же­ние на еден ве­ќе ус­пе­шен ал­бум, не бе­ше ед­но­став­на, бе­ше на­ви­сти­на голема, со огром­на од­го­вор­ност, па и при­ти­сок во одре­де­на ме­ра, се раз­би­ра. Зна­чи, се ба­ра­ше да се на­пра­ви не­што што ќе ли­чи на тоа пр­во­то, но не­ма да би­де исто и, се раз­би­ра, да го за­др­жи ква­ли­те­тот, па и да го над­ми­не. Ме­ѓу­тоа, тоа за ме­не прет­ста­ву­ва­ше еден го­лем пре­диз­вик и, мо­же­би, жи­вот­на шан­са да се изра­зам по­и­на­ку, уни­кат­но, со еден по­и­на­ков бе­лег, со це­ло­то свое зна­е­ње и ду­ша, ве­ли авто­рот на ал­бу­мот „Ма­ке­дон­ско де­вој­че 2“.

Ед­на по­и­на­ква Ка­ро­ли­на, од ед­но по­и­на­кво вре­ме. Пес­ни­те од „Ма­ке­дон­ско де­вој­че 2“ вед­наш ја осво­и­ја пуб­ли­ка­та, а нив­ни­от автор Ни­кол­че Ми­цев­ски ве­ли де­ка ова е ал­бу­мот во кој, де­фи­ни­тив­но, ја слу­ша­ме нај­зре­ла­та Ка­ро­ли­на.

Ве­ро­јат­но пр­во­то на што си­те им па­ѓа на па­мет е де­ка со­ра­бо­тка­та со Ка­ро­ли­на трг­на по би­тол­ска ли­ни­ја. Ка­ко поч­на ва­ша­та со­ра­бо­тка?

Ми­цев­ски: Би­тол­ска­та вр­ска во­оп­што не бе­ше пре­суд­на за на­ша­та со­ра­бо­тка, таа трае ве­ќе де­се­ти­на го­ди­ни. Јас сум дел од гру­па­та што ја при­дру­жу­ва на си­те неј­зи­ни на­ста­пи и кон­цер­ти во жи­во. Мо­е­то прик­лу­чу­ва­ње во гру­па­та бе­ше со­се­ма слу­чај­но и чи­сто про­фе­си­о­нал­но. Сме на­ста­пу­ва­ле мно­гу, ра­бо­тев­ме на мно­гу се­ри­оз­ни кон­цер­ти и на­ста­пи, та­ка што мно­гу до­бро се поз­на­ва­ме про­фе­си­о­нал­но.

Вие бе­вте дел и од пр­ви­от ал­бум со ва­кви пес­ни на Ка­ро­ли­на. Бе­ше ли го­лем при­ти­со­кот да се соз­да­де не­што со­се­ма но­во, а, се­пак, во овој стил на му­зи­ка?

Ми­цев­ски: Да, со оваа иста гру­па ги ра­бо­тев­ме кон­цер­ти­те со ма­те­ри­ја­лот од пр­ви­от дел на „Ма­ке­дон­ско де­вој­че“, та­ка што мно­гу до­бро го поз­на­вам тој ма­те­ри­јал и ја знам не­го­ва­та умет­нич­ка вред­ност. За­да­ча­та што си ја по­ста­вив­ме јас ка­ко автор и „Ава­лон“ ка­ко про­дук­ци­ја, да се на­пра­ви ал­бум што ќе би­де про­дол­же­ние на еден ве­ќе ус­пе­шен ал­бум, не бе­ше ед­но­став­на, бе­ше, на­ви­сти­на, голема, со огром­на од­го­вор­ност, па и при­ти­сок во одре­де­на ме­ра, се раз­би­ра. Зна­чи се ба­ра­ше да се на­пра­ви не­што што ќе ли­чи на тоа пр­во­то, но не­ма да би­де исто, и, се раз­би­ра, да го за­др­жи ква­ли­те­тот, па и да го над­ми­не. Ме­ѓу­тоа, тоа за ме­не прет­ста­ву­ва­ше еден го­лем пре­диз­вик и, мо­же­би, жи­вот­на шан­са да се изра­зам по­и­на­ку, уни­кат­но, со еден по­и­на­ков бе­лег, со це­ло­то свое зна­е­ње и ду­ша. До­пол­ни­тел­но за­до­волс­тво бе­ше и тоа што ра­бо­тев со мој бли­зок при­ја­тел и со­ра­бот­ник Де­јан Мо­ми­ров­ски, со ко­го за­ед­но ра­бо­тев­ме на про­дук­ци­ја­та на ал­бу­мот и во чи­е­што сту­дио и се сни­ма­ше „Ма­ке­дон­ско де­вој­че 2“. На крај, си­те за­ед­нич­ки мис­лам де­ка ус­пе­ав­ме во тоа што го на­у­мив­ме. Се раз­би­ра, пуб­ли­ка­та го има пос­лед­ни­от збор и таа е нај­го­ле­ми­от су­ди­ја.

Nikolce-Micevski-rep79-3

Ра­бо­те­вте кон­крет­но за Ка­ро­ли­на или овие пес­ни ве­ќе ви беа ком­по­ни­ра­ни?

Ми­цев­ски: Си­те овие пес­ни се пра­ве­ни спе­ци­јал­но за Ка­ро­ли­на. Прис­по­со­бе­ни на неј­зи­ни­те огром­ни тех­нич­ки гла­сов­ни спо­соб­но­сти. Сѐ е скро­е­но по неј­зи­на ме­ра. Не оста­вив­ме ни­ту ед­на но­та ни­ту еден збор да не е на свое ме­сто. Сѐ е сра­бо­те­но во нај­по­зи­тив­на ат­мо­сфе­ра, со нај­по­зи­тив­на енер­ги­ја. Са­мо та­ка сра­бо­те­но мо­же еден из­ве­ду­вач и автор да би­дат сто про­цен­ти среќ­ни со крај­ни­от про­из­вод. Де­фи­ни­тив­но, во овој ал­бум ја слу­ша­ме нај­зре­ла­та Ка­ро­ли­на што сме ја слуш­на­ле до­се­га.

И са­ма­та Ка­ро­ли­на ре­че де­ка „Две ли­ри“ ве­ќе е евер­грин. Оче­ку­ва­вте ли тол­ку до­бра ре­ак­ци­ја на Ва­ши­те пес­ни?

Ми­цев­ски: Ве­ру­вам во се­ко­ја пес­на од ал­бу­мот и де­ка се­ко­ја ќе си го нај­де сво­јот пат до слу­ша­те­ли­те и се­ко­ја на свој на­чин ќе би­де ус­пеш­на. „Чал­ги­ска” и  „Две ли­ри” до­жи­ве­а­ја огро­мен ус­пех за мно­гу кра­тко вре­ме. Се раз­би­ра де­ка се­кој по­са­ку­ва ва­ков ус­пех и це­ла­та еки­па сме мно­гу среќ­ни со ре­ак­ци­ја­та на пуб­ли­ка­та.

Сме­та­те ли де­ка на Ка­ро­ли­на нај­до­бро ѝ ле­жи ва­кви­от стил на му­зи­ка?

Ми­цев­ски: Ка­ро­ли­на е из­ве­ду­вач од свет­ски рам­ки, глас што рас­по­ла­га со мно­гу тех­нич­ки спо­соб­но­сти, пе­јач што мо­же да пее мно­гу раз­лич­ни сти­ло­ви. Таа, ед­но­став­но, се сна­о­ѓа се­ка­де и го пра­ви тоа на мно­гу ви­со­ко ни­во. Бе­ле­гот што го да­де на ма­те­ри­ја­лот од „Ма­ке­дон­ско де­вој­че 1 и 2” е, на­ви­сти­на, уни­ка­тен, ори­ги­на­лен на­чин на из­вед­ба, кој оста­ва дла­бо­ки тра­ги во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та во­кал­но-ин­стру­мен­тал­на му­зи­ка.

Nikolce-Micevski-rep79-2

Би со­ра­бо­ту­ва­ле ли со друг из­ве­ду­вач на ва­ков про­ект? По­стои ли не­кој за ко­го, исто та­ка, би на­пра­ви­ле комп­ле­тен ал­бум?

Ми­цев­ски: За­се­га не раз­мис­лу­вам за сле­ден ва­ков ма­те­ри­јал и из­ве­ду­вач со кој би мо­же­ле да на­пра­ви­ме не­што ва­кво. Иа­ко, мо­ра да приз­на­ам де­ка ве­ќе имам не­кол­ку по­ну­ди. Отво­рен сум за со­ра­бо­тка со се­кој пе­јач што ви­стин­ски мо­же да да­де свој бе­лег, пе­јач што е ори­ги­на­лен. Но, пер­и­о­дов раз­мис­лу­вам са­мо на „Ма­ке­дон­ско де­вој­че 2“, на си­те пла­но­ви, кон­цер­ти што сле­ду­ва­ат со овој ал­бум, и мно­гу ми е важ­но сѐ да по­ми­не ка­ко што тре­ба.

Вие и Ва­ша­та гру­па „Фон­та­на“ сте ед­ни од ре­тки­те гру­пи што ја не­гу­ва­ат тра­ди­ци­о­нал­на­та му­зи­ка и со свои пес­ни и ма­те­ри­јал на­пол­ни­ле са­ла пред до­маш­на­та пуб­ли­ка. Тоа бе­ше Ва­ши­от кон­церт во Би­то­ла во 2011 го­ди­на. Сме­та­те ли де­ка е те­шко за еден му­зи­чар да жи­вее и ус­пеш­но да ра­бо­ти во Ма­ке­до­ни­ја?

Ми­цев­ски: Мис­лам де­ка бе­ше прв­пат ед­на гру­па ко­ја не­гу­ва ма­ке­дон­ска на­род­на му­зи­ка да на­пра­ви ви­стин­ски кон­церт од тие рам­ки. Гор­ди сме на тоа и, се­ка­ко, тоа е еден мо­тив по­ве­ќе да про­дол­жи­ме со кон­цер­ти­ра­ње на тој на­чин. Ме­ѓу дру­го­то, поч­нав­ме со под­го­то­вки за след­ни­от наш го­лем кон­церт, кој ќе се слу­чи до кра­јот на оваа го­ди­на. Долж­ни сме ѝ на на­ша­та пуб­ли­ка. Ина­ку, не би са­кал да нав­ле­гу­вам за ус­ло­ви­те кај нас и да­ли и кол­ку  мо­же да се функ­ци­о­ни­ра ка­ко про­фе­си­о­на­лен му­зи­чар.  Ни­ка­де не е лес­но. Се­ка­де е бор­ба и отво­рен нат­пре­вар за се­кој му­зи­чар. Ме­ѓу­тоа, ако се пра­ви тоа со мно­гу љу­бов, про­фе­си­о­на­ли­зам, упор­ност, по­све­те­ност, мис­лам де­ка ус­пе­хот и до­би­вка­та са­ми ќе си дој­дат. Трг­ну­вај­ќи од са­ми­от се­бе, јас жи­ве­ам за му­зи­ка­та и од му­зи­ка­та.

Со „Фон­та­на“ има­вте го­лем број тур­неи и над­вор од зем­ја­та. Ка­ко ве до­жи­ву­ва­ат во САД, Ав­стра­ли­ја, Гер­ма­ни­ја… Да­ли са­мо Ма­ке­дон­ци при­сус­тву­ва­ат на кон­цер­ти­те или, мо­же­би, и на дру­ги­те им е ин­те­ре­сен на­ши­от мелос?

Ми­цев­ски: Во из­ми­на­ти­ве не­кол­ку го­ди­ни мно­гу че­сто на­ста­пу­вам над­вор од зем­ја­ва, и со мо­ја­та гру­па и со Ка­ро­ли­на. На­се­ка­де во све­тот се жел­ни за ма­ке­дон­ска му­зи­ка. Иа­ко се слу­чу­ва ед­на сме­на на ге­не­ра­ции, осо­бе­но во Ав­стра­ли­ја и во САД, јас сум мно­гу сре­ќен од нив­на­та ре­ак­ци­ја и жел­ба за ма­ке­дон­ска му­зи­ка, не са­мо од ма­ке­дон­ски­от на­род, ту­ку и од мно­гу дру­ги на­ци­о­нал­но­сти.

Разговараше: Ма­ри­на Ко­стов­ска
Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Интервјуто со авторот на албумот „Македонско девојче 2“, Николче Мицевски, е објавено во 79. број на неделникот Република, 7.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top