понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Стечајците се обидоа насилно да влезат во Влада

Стечајците пред Владата се обидоа да го пробијат полицискиот коридор и насилно да влезат во Владата. Полицијата приведе неколку од нив, меѓу кои и нивната лидерка Лилјана Георгиевска, но набрзо тие беа ослободени . Насобраната маса ја крена металната барикада во обид да влезе во владината зграда. Откако не успејаа да влезе низ предните скали, насобраните се упатија кон страничниот пристап, каде што повторно наидоа на полициска барикада.

Претходно беа пред Сојузот на синдикатите на Македонија каде што бараа средба со првиот човек на ССМ, Живко Митревски. Оттаму се упатија кон Собранието, а потоа и кон Владата.

Сојузот на синдикатите на Македонија испрати допис до медиумите во кој велат дека тие во рамките на своите програмски цели и определби во континуитет од постоењето на проблемот на стечајните работници настојувале да биде решен на начин што ќе се обезбеди заштите на оваа категорија на работници.

– Нагласуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија  во еден историски континуитет секогаш бил активно вклучен во решавањето на проблемот на статусот на овие работници со давање на конкретни предлози и забелешки во поглед на законската регулатива. Сојузот на синдикатите на Македонија во согласност со своите програмски цели и определби и понатаму продолжува да се грижи за решавање на проблемите на различни целни групи и категории во Република Македонија, вклучително и на оваа категорија работници. Нагласуваме дека во оваа смисла од страна на ССМ се реализирани низа активности, пердлози по законски текстови, постапки при судовите, стечајни постапки, обезбедување стечајни побарувања и слично. Во текот на изминатиот период, со конкретни чекори и активности ја обезбедувавме, а и натаму ќе продолжиме да ги обезбедуваме и остваруваме нашите програмски цели и определби на работниците, вклучително и на овие работници – велат од синдикатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top