сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 50 ново

Димитар: Со колкови мрдам и во сон (ВИДЕО)

Задолжителната салса и кубанскиот ритам на кој викендов танцуваа двојките во „Танц со ѕвездите 2“ на некои им легнаа подобро од останатите.

Со сѐ подобри оценки од жирито, од емисија во емисија, сѐ поизвесно е дека македонскиот водител Димитар Атанасовски и минатогодишната победничка Јована Василевска ќе дотуркаат до крај на шоуто.

dimitar 2

Димитар вели дека позитивните критики, и од жирито и од публиката, се резултат на макотрпна работа.

– Целосно сум посветен на танцот. Со Јована вежбаме по 5 часа секој ден за полесно да ги совладувам кореографиите и мислам дека трудот се исплати затоа што од емисија во емисија добиваме повисоки поени. Самбата ми легна одлично, а по толку тренинзи со колкови, мешам и во сон – вели Димитар, а тоа го потврди и жирито кое го пофали за неговата „колкова активност“.

dimitar

За следната емисија, пак, симпатичниот водител вели дека неговата танц-партнерка подготвуваат нешто уште поинтересно и покомплицирано за изведување, кое можеби ќе ги донесе и првите 30 поени во втората сезона на шоуто.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top