среда, 15 август 2018 | Вести денес: 58 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Манчевски работела по тендер во вредност од преку 22 милиони денари

 

ВМРО-ДПМНЕ бара потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, да излезе пред јавноста во врска со корупцискиот скандал и да не се прави жртва.

– Дамјан Манчевски призна дека фирмата во која тој бил сопственик работи по тендер во Општина Куманово. Неговото самопретставување за жртва е арогантно и неприфатливо. Фирмата на Манчевски работи по тендер, а тој се обидува да и каже на јавноста дека е жртва. Потенцирам, тој не бил вработен во некоја фирма, туку бил сопственик на фирма која работи по тендер во вредност од 22.892.000 денари. Ако заради ова треба јавноста да го сожалува, замислете колкав бизнис треба да добие за тој да чуствува одговорност – изјави денеска Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

tender

 

Тој вели дека се повлекол, но не е така. Дамјан Манчевски до ден денес е лице за контакт според официјалните документи на фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје, додаде Димовски.

Тој вели дека оправдувањата кои за себе ги кажува Манчевски дека тој е нов и не бил политички експониран се целосна невистина.

– Впрочем Дамјан Манчевски е познат на политичката сцена многу оддамна. Да потсетиме дека токму тој беше шеф на кабинет на Радмила Шекеринска во време кога таа беше Претседател на СДСМ. Дамјан Манчевски уште пред добивањето на овој бизнис бил професионално вработен во СДСМ како шеф на кабинетот на Шекеринска. Живеел од политика. Дополнително, тој во минатото беше и потпретседател на подмладокот на СДСМ – истакна Димовски.

Зоран Дамјановски – Циц вели дека ништо не знаел и не бил информиран. Но оваа слика од потпишувањето на договорот по овој тендер говори спротивно. Градоначалникот на Куманово бил присутен на потпишувањето на договорот по овој тендер и не може да не знаел ништо.

damjan

– На 28.01.2011 година белградската Метропаркинг ДОО склучува договор со општинското јавно претпријатие Куманово – паркинг по добиен тендер. На истиот ден, белградската фирма испраќа допис до Куманово – паркинг со кој ги информира дека за комуникација, техничко поврзување, финансиско работење (уплати и исплати), како и сите други активности ја овластува фирмата од Македонија: Метропаркингплус ДОО Скопје – вели Димовски.

tender1

 

Со овој допис станува јасно се. Фирмата од Белград е само параван и начин како да се затскрие скопската фирма во која сопственик е потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Впрочем, ако се е чисто и ако нема ништо спорно, зошто воопшто требало да се појавува параван фирма од Белград која на денот кога го потпишува договорот ги преотстапува сите права и обврски на скопската фирма во која сопственик е Дамјан Манчевски.

Вредноста на тендерот, според документите е 22.892.000 денари или близу 400.000 евра. Дополнително, според  информациите на ВМРО-ДПМНЕ, фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје наплатува за себе значаен процент од приходите од општинското јавно претпријатие Куманово – паркинг по основ на испратени СМС пораки за паркирање, по основ на цена за паркинг, по основ на претплатни карти и по основ на платени сметки за поствување на блокатори на тркала заради погрешно паркирање. Колкава е целата сума која Метропаркингплус ДОО Скопје, фирма во која сопственик бил Дамјан Манчевски, поптрпетседателот на СДСМ, ја знаат само тој и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top