понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 62 ново

Бракот дебелее

Брачните двојки во просек се здебелуваат по 1,8 килограм во првата година од бракот, а дури 6,3 килограми по четири години поминати заедно.

Овој резултат беше објавен во новиот број на медицинскиот магазин „Журнал оф интернешнел медицин – JIM“.

Околу 40 проценти од анкетираните двојки признале дека се здебелиле 1,8 килограм по само една година помината во брак, а 20 проценти дури 2,7 килограми.

Само 18 проценти од двојките изјавиле дека бракот не влијаел никако на нивната телесна тежина.

Мажените жени рекле дека помалку им пречи што се дебелеат доколку и нивниот маж е на истиот пат.

Научниците сметаат дека по стапувањето во брак, двојките се отпуштаат и веќе не внимавваат на својата линија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top