сабота, 21 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Ѓорчев со трето дете, Јанакиески и Георгиев со второ, на Тушева прво

Во 2013 го­ди­на са­мо на Ги­не­ко­ло­шко-аку­шер­ска­та кли­ни­ка во Скоп­је се ро­ди­ја по­ве­ќе од  5.500 бе­би­ња. На свет дој­доа че­ти­ри трој­ки и 129 чи­фта близ­на­ци. Мај­ки­те што ро­ди­ле де­ца би­ле на во­зраст од 14 до 49 го­ди­ни. Се по­ро­ди­ла и 14-го­диш­на ти­неј­џер­ка, а нај­ста­ра­та ро­дил­ка има­ла 49 го­ди­ни. Про­сеч­на­та во­зраст на мај­ка што за прв­пат ро­ди­ла во 2013 го­ди­на е 28,1 го­ди­ни. Во Ма­ке­до­ни­ја из­ми­на­ти­ве не­кол­ку го­ди­ни се ра­ѓа­ат по око­лу 23.000 бе­би­ња го­диш­но.

Вла­да­та во­ди кам­па­ња за мно­гу­дет­но се­мејс­тво. Пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски во но­во­го­диш­но­то ин­терв­ју за на­ци­о­нал­ни­от сер­вис уште ед­наш го наг­ла­си проб­ле­мот со де­мо­гра­фи­ја­та.

– Мно­гу зем­ји во ре­ги­о­нов и во ЕУ го има­ат исти­от проб­лем и сѐ уште ре­тко има кон­крет­ни ре­зул­та­ти, но ние ра­бо­ти­ме на слу­ча­јот, се тру­ди­ме. Оваа вла­да е пр­ва­та што се со­о­чи со де­мо­граф­ска­та кри­за и за­тоа пра­ви­ме кам­па­њи, да­ва­ме бе­не­фи­ции за тие што ќе се ре­шат да го про­ши­рат се­мејс­тво­то –  из­ја­ви Гру­ев­ски.

И спор­ти­сти­те ос­тва­ру­ваа

Јав­ни­те лич­но­сти во из­ми­на­та­та го­ди­на актив­но се вклу­чи­ја во кам­па­ња­та. Спор­ти­сти­те се на ли­ста­та на тие што, де­фи­ни­тив­но, да­доа свој при­до­нес во зго­ле­му­ва­ње­то на на­та­ли­те­тот во зем­ја­ва. Беј­би­бу­мот бе­ше нај­го­лем кај ра­ко­ме­та­ри­те од Ме­та­лург. Прв бе­ше Фи­лип Мир­ку­лов­ски, кој до­би ќер­ка во фе­вру­а­ри, Јо­ва­на. На­ум­че Мој­сов­ски сво­јот син го до­би во мај, а во ју­ли се по­ро­ди и со­пру­га­та на не­го­ви­от брат, Зла­тко Мој­со­ски. Се ро­ди­ја ид­ни­те ра­ко­ме­тар­чи­ња Мој­со­ски. Нив­ни­от клуп­ски ко­ле­га, пак, Ацо Јо­но­ски, до­би вто­ра ќер­ка. Се ро­ди и Ми­ха­ил, син на гол­ма­нот на ра­ко­мет­ни­от клуб Вар­дар, Зла­тко Да­ска­ло­ски. Ма­ке­дон­ски­от ко­шар­кар­ски ре­пре­зен­та­ти­вец Ѓор­ѓи Че­ков­ски ста­на та­тко по втор­пат, не­го­ва­та со­пру­га по­втор­но ро­ди син. Ап­со­лу­тен шам­пи­он е поз­на­ти­от ма­ке­дон­ски пли­вач Але­ксан­дар Ма­лен­ко, кој во ју­ли до­би син. Ова е не­го­во че­твр­то де­те, пр­во со не­го­ва­та се­гаш­на со­пру­га Фан­че. Се­кое де­те му е од раз­лич­на со­пру­га. Ќер­кич­ка­та Ло­ра е од не­го­ви­от брак со пе­јач­ка­та и во­ди­тел­ка Су­за­на Ту­рун­џи­е­ва, од бра­кот со актер­ка­та Је­ле­на Жу­гиќ го има си­нот Ахил, а тре­то­то де­те го има со тре­та­та со­пру­га, Ру­син­ка­та Тат­ја­на.

filip mirkulovski

Ре­бе­ка бе­ше единс­тве­на­та поз­на­та Ма­ке­дон­ка што ми­на­та­та го­ди­на ро­ди близ­на­чи­ња – Ма­ка­риј и До­ро­теј. Таа и неј­зи­ни­от со­пруг ве­ќе го има­ат шес­тго­диш­ни­от Ма­кри­јан. И Еле­на Ве­лев­ска е мај­ка на три де­чи­ња. Најм­ла­ди­от член на се­мејс­тво­то се ви­ка Ка­ли­ја. Еми­ли­ја е вто­ра­та ќер­ка на На­та­ша Ма­лин­ко­ва, а за прв­пат мај­ка ста­на и мла­да­та пе­јач­ка На­де Та­лев­ска, ко­ја сво­јот Ма­ксим го до­би на пе­ток 13. На де­нот на ви­на­ри­те, Св. Три­фун и де­нот на љу­бо­вта, спо­ред ка­то­лич­ки­от вер­ски ка­лен­дар, се ро­ди Ма­ша Мла­де­нов­ска,  ќер­ка на во­да­чот на „Су­пер­хикс“, Пе­це Мла­де­нов­ски. Та­тко ста­на и пе­ја­чот и биз­нис­мен Дар­ко Ге­лев – Брејк. Тој и не­го­ва­та со­пру­га, по­ра­неш­на­та мис на Ма­ке­до­ни­ја, Дра­га­на Клоп­чев­ска, се гор­ди ро­ди­те­ли на Да­вид. Татко на својот роденден стана и раперот Били Ѕвер.

dragana klopcevska brejk

Акте­рот Бор­че Не­чев и не­го­ва­та со­пру­га, ба­ле­ри­на­та Але­ксан­дра, во 2013 го­ди­на ја до­би­ја Де­ни­ци­ја. Ви­сар Ви­шка и во­ди­тел­ка­та Еле­на Ми­те­ва, пак, во април му по­са­каа до­бре дој­де на свет на сво­јот прв син Ди­он. За прв­пат ста­на мај­ка Здра­вки­ца Бил­би­лов­ска, ко­ја ја ро­ди Ма­ша.

Се ро­ди вто­ро­то де­те на но­ви­на­рот Сто­јан Трп­чев­ски, вто­ро­то де­те на но­ви­на­ри­те Ѓор­ги и Але­ксан­дра То­миќ, се по­ро­ди но­ви­нар­ка­та Ана За­фи­ро­ва, ка­ко и во­ди­тел­ка­та Жи­вки­ца Ѓур­чи­нов­ска, се­га ве­ќе Ка­ле­ни­ко­ва. Пре­зен­те­рот на ве­сти­те на те­ле­ви­зи­ја „Ка­нал 5“, Бо­рис­лав Тно­ков­ски ста­на та­тко на Ма­тео.

Имај тре­то де­те

Ос­тва­ру­ваа и по­ли­ти­ча­ри­те – не­кои се вклу­чи­ја во кам­па­ња­та за тре­то де­те, не­кои до­би­ја вто­ро де­те, а не­кои, пак, се ра­ду­ваа на пр­во­то че­до. Сво­е­то тре­то де­те го до­би пра­те­ни­кот Вла­тко Ѓор­чев. Ни­ко­ла се ро­ди во ју­ли и за­ед­но со Мар­та, Фи­лип и со ма­ма Су­за­на се нај­го­ле­ма­та сре­ќа на та­то. Вла­тко ве­ли де­ка да се би­де ро­ди­тел е нај­у­ба­во­то чув­ство. Тој и Аме­ри­кан­ка­та Су­за­на се во брак од 2009 го­ди­на. Ѓор­чев  ва­жи за еден од нај­го­ле­ми­те по­бор­ни­ци за за­бра­на на абор­ту­сот.

vlatko

Три­кра­тен та­тко е и гра­до­на­чал­ни­кот на Ви­ни­ца, Емил Дон­чев, по­крај Иван и Ла­у­ра, се­га ја има и ќер­ка­та Да­ри­ја.

И пра­те­ни­кот на ВМРО-ДПМНЕ Ро­мео Тре­нов ста­на та­тко по трет­пат. Не­го­ва­та со­пру­га Стан­ка до­не­се на свет здра­во ма­шко де­те. Прет­ход­но Ро­мео и Стан­ка се ро­ди­те­ли на Фи­лип (4) и на Кон­стан­тин (2), а ми­на­та­та го­ди­на до­би­ја трет син.

Си­но­ви­те до­ми­ни­ра­ат

Со вто­ро де­те ми­на­та­та го­ди­на „ос­тва­ру­ваа“ми­ни­сте­рот за транс­порт и за вр­ски Ми­ле Ја­на­ки­е­ски, кој го до­би вто­ри­от син на три­го­диш­ни­на­та од не­го­ви­от брак со со­пру­га­та Са­ња.
„Ка­ков ден! На го­диш­ни­на­та од брак до­бив син!“ на­пи­ша ми­ни­сте­рот на 11 април на сво­јот про­фил на „Фејс­бук“.

mile janakievski

Во октом­ври за­ме­ник-ми­ни­сте­рот за од­бра­на и ге­не­ра­лен се­кре­тар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Ди­ми­три­ев, до­би ќер­кич­ка, вто­ро де­те за не­го и за не­го­ва­та со­пру­га Са­шка. Тие го има­ат и си­нот Пе­тар. Ра­дос­ни­от та­тко но­во­ста ја об­ја­ви на сво­јот про­фил на „Фејс­бук“:
„Де­нес ми е по­се­бен ден. Јас и со­пру­га­та Са­шка до­бив­ме ќер­кич­ка, си­нот Пе­тар до­би се­стрич­ка. На си­те Бог да им да­де што по­са­ку­ва­ат“.

Се роди и Калин, на исти ден со тато Никола Димитров, поранешниот амбасадор на Македонија во САД и преговарач во спорот со Грција.

Пра­те­ни­кот од ре­до­ви­те на СДСМ Гор­дан Ге­ор­ги­ев  го до­би сво­јот втор син. Уба­ва­та вест ја со­оп­шти не­го­ва­та со­пру­га Ана, ко­ја на сво­ја­та стра­ни­ца на „Фејс­бук“ на 28 но­ем­ври на­пи­ша:

„Де­нес ста­нав мај­ка на два си­на“.

И пра­те­ни­кот на ВМРО-ДПМНЕ од Ге­вге­ли­ја, Дра­ган Цук­лев ста­на та­тко по втор­пат. Не­го­ва­та со­пру­га Лен­че  на свет ја до­не­се ма­ла­та Ма­ри­ја.

Второ дете роди и заменик-министерката за правда Билјана Бришковска-Бошковски.

На при­но­ва се ра­ду­ва­ше и нив­на­та ко­ле­шка од СДСМ, Ма­ри­не­ла Ма­ри­чиќ Ту­ше­ва, ко­ја го ро­ди сво­е­то пр­во де­те – Ве­дран.

marinela

„3,630 ки­ло­гра­ми сре­ќа и 51 сан­ти­ме­тар уба­ви­на и не­из­мер­на ра­дост. Не­ка е жив и здрав Ве­дран Ма­ри­чиќ и не­го­ва­та сил­на мај­ка Ма­ри­не­ла“, об­ја­ви на сво­јот про­фил на „Фејс­бук“ со­пру­гот на Ма­ри­не­ла, Бо­јан Ма­ри­чиќ на кра­јот на ју­ли ми­на­та­та го­ди­на.

За прв­пат во уло­га на та­тко се нај­де ше­фот на ка­би­не­тот на пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, Мар­тин Про­то­гер. Во пос­лед­ни­от ме­сец од го­ди­на­та што из­ми­на тој и не­го­ва­та со­пру­га го до­би­ја си­нот Ки­рил. Свад­ба­та на Мар­тин и на не­го­ва­та из­бра­нич­ка се одр­жа ле­то­во.

Пр­во­то де­те ми­на­та­та го­ди­на го до­би и др­жав­ни­от се­кре­тар во Ми­ни­стерс­тво­то за од­бра­на, Са­шо Сте­фа­но­ски. Не­го­ва­та со­пру­га Ана ро­ди здра­во жен­ско де­те, кое ре­ши­ја да го кр­стат Јо­а­на.

До­би ќер­ка  и Бу­јар Ос­ма­ни, екс­ми­ни­сте­рот за здрав­ство, се­га ве­ќе порт­па­рол на Де­мо­крат­ска­та уни­ја на Ал­бан­ци­те. Елиза е пр­во де­те во се­мејс­тво­то на Ос­ма­ни.

Пишува: Билјана Зафирова

Top